Заврши 23. седница на Кардиналскиот совет

Заврши 23. седница на Кардиналскиот совет

Директорот на Канцеларијата за печат при Светиот Престол, Грег Бурк, на 25 април 2018 година одржа брифинг за новинарите во врска 24. седница на Кардиналскиот совет. На состанокот присуствуваа сите челнови, освен австралискиот кардинал Џон Пел, додека германскиот кардинал Рајнхард Маркс во понеделникот беше отустен. Светиот Отец не беше присутен во среда наутро поради Генералната аудиенција.

Големиот дел од работата беше посветен на нацртот за новата Апостолска конституција за Римската курија. На крајот од изработката на нацртот, кој бара одредено време, кардиналите ќе го одобрат текстот кој потоа ќе биде доставен до папата Фрањо на конечно одобрување.

Грег Бурк откри и некои детали за содржината на спомнатиот документ. Меѓу разните теми, кои ќе го обликуваат новиот документ, а за кои веќе се дискутираше на претходните средби на Кардиналскиот совет, некои се од посебна важност: Римската курија во служба на Светиот Отец и партикуларните Цркви, пасторален карактер на куријалните активности, формирање и работа на трет оддел на Државниот секретаријат на Светиот Престол, навестување на Евангелието и мисионерскиот дух како перспектива која ја одбележува активноста на целата Курија.

Кардиналите имаа можност да слушнат од монс. Руиз, секретар во Секретаријатот за комуникација, за состојбата и реформите на ватиканскиот комуникациски систем.

Следната средба на Кардиналскиот совет ќе се одржи од 11 до 13 јуни 2018 година.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот