Заврши свеченоста по повод 50 годишниот Јубилеј на Класичната верска гимназија „Паулинум”- Суботица

Суботица, 22.4.2013 /к.мк/ – Класичната верска гимназија и семинарија Паулинум – Суботица во саботата 20 април 2013 година го одбележа 50 годишниот Јубилеј постоење и тоа беше завршна свеченост.

По повод 50 годишниот Јубилеј, на средбата беа присутни многу гости од верскиот, државниот и јавниот живот, многу свештеници и лаици од земјата и странство кои својата матура ја имаат стекнато токму во гимназијата “Паулинум”.

Централната свечена академија се одржа во градската сала, во која има прекрасни фрески и витражи од 1391 година.

Домаќин на Јубилејот беше Суботичката епархија, монс. Јанош Пенцеш, епископ од Суботица и епархиски канцелар на класична верска гимназија „Паулинум”, кој и ја отвори свечената академија. Покрај него, пригодни говори одржаа и четирите епископи, некогашни семинаристи и ученици во семинаријата. Јубилејната прослава заврши со благодарна архијерејска света Литургија во неделата 21 април во катедралата во Суботица, која ја предводеше месниот епископ Јанош Пенцеш во заедништво со четирите епископи и повеќе од 40 свештеници. Меѓу свештениците кои сослужуваа беа и свештеници од Апостолскиот Егзархат во Македонија, о. Зоран Стојанов – парох во Радово, и о. Тони Ангелов – капелан во Руски Крстур, Војводина.

Mонс. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Апостолски егзарх во Македонија, за време на својот говор на свечената академија во градската сала, на изненадување на сите, ректорот на семинаријата во Суботица монс. Јосиф Миоч го именува за протојереј ставрофор. Тој се заблагодари на Суботичката епархија, бидејќи во семинаријата „Паулинум” матурираа голем број матуранти од Македонија, од кои една третина се свештеници. За време на проповедта на свечената света Литургија, епископот монс. д-р. Киро Стојанов рече дека светата Евхаристија е храна на нашиот секојдневен христијански живот, а за семинаријата рече дека е темел и почеток за секој свештенички позив. Тој нагласи три елементи кои можат да се научат во семинаријата, а тоа се: молитва, воспитување и благодарност.

Покрај останатите гости на свеченоста присуствуваа и Миле Радојевиќ, директор на Канцеларијата за соработка со црквите и верските заедници во Република Србија, монс. Џерџ Дода, епископ и апостолски администратор во Призрен, монс. Луцијан Августин, епископ во Шепи и монс. Ладислав Немет, епископ на епархијата Зрењанин и секретар на Меѓународната епископска конференција свети Кирил и Методиј.

Категорија: Македонија, Свет

За авторот

Write a Comment

<