Кардиналот Матео Зупи им се заблагодари на претставниците на властите за разговорите, чии резултати ќе му бидат претставени на папата Фрањо и ќе бидат основа за понатамошни чекори како на хуманитарно поле, така и во потрагата по патишта за праведен и траен мир.
Во вторник, 6 јуни 2023 година, во вечерните часови, Канцеларијата за печат на Светиот Престол објави соопштение, во кое се вели дека „кардиналот Матео Зупи, пратеникот на папата Фрањо, ја заврши својата кратка, но посета на Киев полна со настани, во која тој беше придружуван од службеник од Државниот секретаријат и при тоа имаше можност да се помоли во древната црква Света Софија.
На крајот од својата мисија, тој искрено им се заблагодари на цивилните власти за одржаните средби, посебно за средбата со претседателот Володимир Зеленски. Во соопштението се наведува дека „резултатите од овие разговори, како и разговорите со верските претставници, и директното искуство од страшното страдање на украинскиот народ предизвикано од актуелната војна, ќе му бидат пренесени на Светиот Отец и несомнено ќе бидат корисни со цел да се оценат понатамошните чекори како на хуманитарно поле, така и во потрагата по патишта за праведен и траен мир.“
Ватикан њуз/к.мк