Заврши пленарна седница на Меѓународната Бискупска Конференција Свети Кирил и Методиј

Членовите на Меѓународната бискупска конференција Свети Кирил и Методиј, монс. Зеф Гаши СДБ, надбискуп барски и претседател на МБК, монс. Станислав Хочевар СДБ, надбискуп белградски и потпретседател на МБК, монс. Јанош Пензес, бискуп сремски; монс. Илија Јаниќ, бискуп которски, монс. Ѓуро Гаспаровиќ, бискуп сремски; монс. Џуро Џуџар, егзарх за католиците од источен обред во Србија; монс. Киро Стојанов, бискуп скопски и егзарх за католиците од источен обред во Македонија; монс. Ладислав Немет СВД, бискуп зрењанински и генерален секретар на МБК; монс. Доде Ѓерѓи, апостолски администратор на Призрен – ја одржаа нивната 32. редовна пленарна седница од 21 до 23 април 2015 година во просториите на Надбискупскиот ординаријат во Белагрд. На седницата присуствуваа и апостолскиот нунциј на Република Србија, надбискупот монс. Орландо Антонини.

Во своето обраќање до бискупите нунциј Антонини ја истакна важноста за заедничкото и координираното дејствување на бискупите при регулирањето на односите кон властите во земјите во кои делуваат. Тој ја поздрави ратификацијата на Спогодбата за соработка помеѓу Република Србија и Светиот Престол во областа на високото образование и исто така и отворањето на ЕНИЦ/НАРИЦ Центар за признавањето и нострификација на академските титули стекнати во странство. Тоа за Католичката црква е многу важно, бидејќи теолошките и високо академските дипломи на католичките свештеници и лаици се стекнати во странство. Исто така, апостолскиот нунциј ги извести бискупите за тоа дека самиот премиер, господин Александар Вучиќ, лично изразил подготвеност да преговара со Католичката црква на прашањето за враќање на конфискуваниот црковен имот. Бискупите со задоволство ја поздравија оваа информација и изразија надеж дека што побргу ќе дојде времето до понудената средба, за која се надеваат дека ќе придонесе да тргне процесот на враќање од мртва точка.

Во работниот дел од седницата бискупите дискутираа за екуменските прашања. Та изразија радост затоа што кардиналот Курт Кох, претседател на Папскиот совет за единство на христијаните, за месец дена ќе ја посети Србија. Оваа посета ќе биде прилика да се потврдат веќе добрите односи со Српската православна црква – е заклучено на седницата. Бискупите потоа  разговараа и за други отворени прашања .

Исто така, бискупите ја посетија зграда во Панчево која треба да се подготви за седиште на Бискупската конференција, изразувајќи надеж дека донаторите ќе имаат разбирање за овој многу значаен проект на нашите локални Цркви.

Следната редовна пленарна седница на Меѓународната бискупска конференција Свети Кирил и Методиј ќе се одржи од 14 – 16 март 2016 година во Суботица.

КТА/З.А.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Свет

За авторот