Заврши Летниот камп на Македонски Каритас

Во Пасторалниот центар во Охрид од 14 – 16 јуни Македонски Каритас организираше Летен камп за волонтери и вработените под мотото Оди и ти прави така“ (Лк. 10,37).

Кампот го отвори монс. Антун Циримотиќ, директор на Македонски Каритас, а потоа Спасе Спасов, координатор на Македонски Каритас ја престатви програмата за работа на кампот.

На почетокот од кампот следуваше претстаување на учесниците и презентација од работата на Парохиските Каритаси. На првиот ден од кампот Спасе Спасов зборуваше на тема: Каритас – Кој е мојот ближен. На вториот ден Анита Мартинчевиќ и Долорес Полето одржаа работилница за Меѓурелигискиот дијалог, а о. Гоце Костов во своето предавање зборуваше за „Видливоста на активностите“ и одржа работилница поврзана со медиумското работење.

Овој летен камп заврши со заклучната сесија од координаторот на Македонски Каритас, Спасе Спасов.

к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Македонија

За авторот