Завршија „Деновите на христијанскиот филм“
Во недела 29 јуни со проекцијата на филмот за Мајка Тереза во парохијата Свети Иван Крстител – Струмица завршија „Деновите на христијанскиот филм“.
„Деновите на христијанскиот филм“ се одржуваа од 15-29 јуни 2014 и во тој период се прикажуваа филмови со христијанска содржина и порака. Проекциите се одржуваат секоја недела со почеток од 20.00 часот, а парохиската сала беше полна на сите проекции.
Организатор и иницијатор се брачните парови од парохијата, додека Католици.мк се вклучи во иницијативата овозможувајќи преводи на македонски јазик.
к.мк/го*ко
Категорија:
Македонија