Епископот упати честитки за новите именувања на бискупите Кутлеша и Палиќ

Епископот упати честитки за новите именувања на бискупите Кутлеша и Палиќ

На 15 јули 2020 година Скопскиот бискуп и Струмичко- скопски епарх, монс. д-р Киро Стојанов упати честитки до новите бискупски служби на монс. Дражен Кутлеша и монс. Петар Палиќ.

Во двете одвоени писма со честитки епископот Стојанов, во свое име и во име на свештениците, монашките заедници и верниците од Македонија ја истакнува својата радост за именувањата и им посакува во посланието и сведочењето во новите служби да ги придружува застапништвото на Блажена Девица Марија – ѕвездата на новата евангелизација.

Во сабота 11 јули 2020 година година е обајвено дека папата Фрањо го именува досегашниот Поречки – пулски бискуп монсињор Дражен Кутлеша, за надбискуп коадјутор на Сплитско – макарската надбискупија.

Истовремено Мостарско – дувањски бискуп и апостолски администратор на Требињско – мрканска бискупија го именува моснињор Петар Палиќ, досегашен Хварски бискуп и генерален секретар на Хрватската бискупска конференција.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот