Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски епарх монсињор д-р Киро Стојанов на 18 декември 2025 година сослужуваше на хиротонијата на новиот владика Игор Ранци во црквата „Сен-Сулпис“ во Париз, кој воедно беше востоличен за епарх на епархијата „Свети Володимир Велики“ во Париз.
Архиерејската божествена Литургија со хиротонија ја предводеше поглаварот на Украинската источна католичка црква, Неговото Блаженство Свјатослав, како главен посветител. Соосветители беа епископот Борис Гудзијак, архиепископ и митрополит Филаделфиски и прв епископ на Париската епархија „Свети Володимир Велики“, како и епископот Хлиб Лончина, поранешен апостолски администратор на оваа епархија.
На Литургијата присуствуваа голем број епископи и свештеници на Украинската источна католичка Црква, надбискупот на Париз, монсињор Лоран Жил-Риш и претставници од Католичката црква во Франција, како и апостолскиот нунциј во оваа земја.
к.мк

