Епископот Стојанов служеше света Литургија во Паљурци

Епископот Стојанов служеше света Литургија во Паљурци

Во организација на ректорот на светилиштето во Паљурци, Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски епарх монсињор д-р Киро Стојанов на Првата недела од Великиот пост, 9 март 2025 година, служеше света Литургија во црквата „Мајка Божја Утешителка – Паљурска“ во Паљурци. Со епископот сослужуваа ректорот на светилиштето и директор на Македонски Каритас протојереј ставрофор отец д-р Зоран И. Стојанов, парохот во Богданци и Стојаково протојереј ставрофор отец Тома Ангелов и парохот во парохијата „Раѓање на свети Иван Крстител“ – Струмица и директор на Радио Марија протојереј отец Гоце Костов. На крајот од светата Литургија епископот Стојанов го предводеше Крстниот пат.

Во својата проповед епископот Стојанов се осврна на неделното Евангелие во кое го зборуваше за сомнежите на Натанаил, но и неговиот повик.

На светата Литургија и Крстниот пат присуствуваа волонтери и вработени на Македонски Каритас и Радио Марија, кои потоа извршија премер за поставување на постојките на Крстниот пат. Во светилиштето „Мајка Божја Утешителка – Паљурска“ во Паљурци предвидено е да биде поставен Крстен пат со 14 постојки.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот