Епископот Стојанов служеше света Литургија по повод 4. Светски ден на баби и дедовци и стари лица
Во недела 28 јули 2024 година кога Црквата го слави 4. Светски ден на баби и дедовци и стари лица, Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх монсињор д-р Киро Стојанов во катедрала ” Пресвето Срце Исусово” во Скопје служеше света Литургија.
Во проповедта осврнувајќи се на пораката на папата Фрањо за 4. Светски ден на баби и дедовци и стари лица, која носи наслов „Не оставај ме во староста“ се задржа посебно на некои делови од неа. Тој ја потенцира осаменоста на старите лица која има најразлични причини, а една од тие е и емигрирањето на младите од своите земји како што тоа е случајот и во Македонија. Воедно упати силен апел до помладите да не дозволат родителите, бабите, дедовците и постарите лица да бидат осамени и како Рут, која се спомнува во овогодинешната пораката на Папата, да одговорат: Нема да ве оставиме сами! Тоа е христијански повик и должност.
На крајот епископот Стојанов на бабите, дедовците и старите лица им го честита Светскиот ден посакувајќи им Божји благослов.
Папата Фрањо на 31 јануари 2021 го воспостави Светскиот ден на баби и дедовци и стари лица со цел да ја истакне важноста на овие луѓе за Црквата, семејството и општеството.
к.мк