Епископот Стојанов присуствуваше на Генералната аудиенција со папата Лав XIV

Епископот Стојанов присуствуваше на Генералната аудиенција со папата Лав XIV

Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски епарх монсињор д-р Киро Стојанов, кој по повод Конференцијата за семејство и живот организирана од Советот на Европските бискупски конференции престојува во Рим, на 12 ноември 2025 година присуствуваше на Генералната аудиенција во среда на плоштадот Свети Петар во Ватикан, која ја предводеше папата Лав XIV.

 

На кратката средба со папата Лав XIV епископот Стојанов го поздрави од верниците на Католичката црква од Македонија, пренесувајќи му дека Црквата моли за него и го замоли за благослов на верниците и сиот македонски народ и граѓаните на Македонија и ги препорача во неговите молитви.

Утрово, епископот Стојанов сослужуваше на светата Литургија на гробот на свети Јосафат во базиликата Свети Петар, епископ и маченик за единство на христијаните. Светата архиерејска Литургија ја предводеше епископот Григориј Комар, Апостолски администратор за верниците Украинци во Италија, а сослужуваа и епископите во мирување Дионизиј и Иринеј Билек.

На Генералната аудиенција присуствуваше група од Македонија, кои се на ходочестие во Рим по повод Јубилејната година, а во организација на Делото Мариино.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот