Неговото Високопреосвештенство монс. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко – скопски епарх по повод Светскиот ден на болните, во недела 11 февруари 2024 година со почеток во 10.00 часот ќе служи света археиерејска Литургија во Катедралата „Успение на Пресвета Богордица“ во Струмица.
По светата Литургија следува процесија со статуата на Пресвета Богородица Лурдска.
Од светата архиерејска Литургија Радио Марија ќе врши директен пренос, кој може да се следи на фреквенцијата 106,50 MHz во Струмица, преку интернет страницата www.radiomarija.mk.
Ватикан њуз/к.мк