Во понеделник 28 октомври 2024 година Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски епарх во резиденцијата на Водно во посета ги прими поранешниот ректор на Универзитетот Свети Кирил и Методиј, професор д-р Никола Јанкуловски со сопругата Анамарија.
Во таа пригода на монсињор Стојанов му го честитаа 25 годишниот Јубилеј од епископската хиротонија подарувајќи му уникатна рачна изработка во филигранска техника со ликот на Света Мајка Тереза, гулаб знак на мирот и напис со познатата изрека на Мајка Тереза: „Бидете верни во малите нешта зашто токму во нив лежи вашата сила.“
Средбата помина во пријатна и пријателска атмосфера, на која епископот Стојанов се заблагодари за посетата, честитката за 25 годшниот епископски јубилеј, како и за прекрасниот филигран со ликот, како што рече, на нашата Светица Мајка Тереза.
к.мк