Епископот Стојанов на Велики Четврток служеше Литургија во Струмица

На Велики Четврток, 9 арпил 2015 година Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов во заедништво со свештениците од Апостолскиот егзархат во Македонија служеше света архиерејска Литургија во Катедралната црква „Успение на Пресвета Богородица“ во Струмица. За време на светата Литургија епископот Стојанов го освети Светото Миро, а при крајот на светата Литургија на 12 избрани верници го изврши обредот миење нозе.

На овој ден Црквата го слави воспоставувањето на свештенството и Евхаристијата, а по тој повод владиката Стојанов го честита празникот на свештениците, како и на сестрите Евхаристинки, чија харизма е поврзана со Евхаристијата.

к.мк/го*ко

Категорија: Македонија

За авторот