Епископот Стојанов ги прими лицата посветени на Бога кои пасторално делуваат во Скопје

Епископот Стојанов ги прими лицата посветени на Бога кои пасторално делуваат во Скопје

Во недела 22 декември 2024 година во епископската резиденција на Водно, Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски епарх монсињор д-р Киро Стојанов ги прими свештениците, монашките заедници и претставници на црковните движења и соработници на Каритас, кои живеат и пасторално делуваат во градот Скопје.

Во име на духовенството Мартина Шуштершиќ од Марииното дело упати честитки до бискупот Стојанов по повод претстојниот празник Рождество Христово, правејќи ретроспектива во Црквата за изминатиот период.

Во своето обраќање епископот Стојанов искажа благодарност за упатената честитка, поздравувајќи ги срдечно присутните. Истакнувајќи ја радоста за празникот Рождество Христово рече дека радоста е уште поголема затоа што Католичката црква следната година слави Јубилејна година – Света година, која папата Фрањо ја најави и Светата врата во базиликата Свети Петар ќе ја отвори на Бадник. Притоа упати повик да бидеме „знаците на надежта“, да се залагаме за мир во светот, за младите и возрасните лица, за болните, сиромашните и мигрантите. Да се отстранат неправдите во светот – рече епископот Стојанов.

На крајот од својот говор епископот Стојанов изрази благодарност за нивната пожртвуваност и служење во нивните заедници и Црквата за доброто на Бога и ближниот, им го честитка празникот Рождество Христово – Божик, посакувајќи им Божји благослов во Новата 2025 година.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот