Неговото Високопреосвештенство д-р Киро Стојанов на 11 и 12 април 2024 година беше во посета на Меѓународната католичка организација ACN (Kirche in Not) во германскиот град Кенингштајн. Фондацијата е со Папското право и е основана во 1947 година.
Во рамките на работната посета епископот Стојанов се сретна и разговараше со одговорните на таа организација, со проектниот директор господин Марко Менкаља, со одговорната за овој дел од светот госпоѓа Магда Качмарек и госпоѓа Ведрана Перковиќ, а оствари и куртоазна средба со извршната претседателка на Kirche in Not госпоѓа Регина Линч.
Средбите се одвиваа во срдечна и пријателска атмосфера на обострано задоволство со желба за натамошна взаемна соработка.
Епископот Стојанов даде и кратко интервју за медиумите, кои ги покриваат дејностите на Kirche in Not.
к.мк