Епископот Стојанов во Нова Маала

На 7 јануари 2015 годинав во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ – Нова Маала Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Апостолски егзарх во Македонија служеше архиерејска божествена Литургија со што повторно ја покажа блискост со верниците и својата душопастирска грижа.

Во својата проповед ги поттикна верниците да бидат како мудреците од исток кои следејќи ја ѕвездата ќе стигнат до самиот Исус, но надвор од гревот, надвор од темнината, како онаа темнина која го обвиткала Ерусалим, каде што владееле зли и мрачни намери на царод Ирод да го убие младиот крал. Заради таквите намери не можело да се види јасно светлината на звездата, а повторно се појавила откако излегле од Ерусалим. Ги поттикна да не бидат како некогаш луѓето во Витлеем, туку да ги отворат своите срца и своите души и Исус таму да најде место. Бидејќи со самата подготовка за Христовото доаѓање во нашите срца и нашите души треба да бидеме како мудреците кои му се поклонија и му донесоа подароци. И ние самите дојдовме да му се поклониме и да му ги остававме за поклон нашите слабости, нашите гревови, затоа што Тој дојде да нѐ спаси, и заради нас да го даде својот жвот.

А за да биде Исус примен достоинствено и со чисти срца преку светата Причест во изминатиот период на располагање беа месниот парох о. Спасо Ристов и о. Тони Ангелов, исповедувајќи го верниот народ.

Верниците од Нова Маала уште еднаш го прославија тродневниот Божиќен настан, исполнет во духот на радост и среќа заради самото Рождество на нашиот Спасител и Бог, а со тоа и почетокот на спасението на човештвото. Вистински да се почуствува таа радост, во два наврати, првиот и третиот ден, младите од парохијата се потрудија преку божиќните приредби сликовито да ја прикажат суштината на тој голем настан.

к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Македонија

За авторот