Халдејскиот епископ на Алепо монс. Антоан Аудо говореше на екуменската средба во градот Малме, а потоа во разговор за Радио Ватикан се осврна на значењето на средбата на Папата со лутераните по повод одбележувањето на 500 годишнина од реформацијата.
Сметам дека гестот на Папата е многу важен знак кој Светиот Отец сака да го упати до христијаните и човештвото. То е многу храбар гест, не само на ниво на идеја и идеологија, затоа што Папата живее од верата и навистина е понизен и помирлив. Тоа е доволно за да ни го покаже патот на надежта и довербата едни во други – рече епископот Аудо.
На прашање дали се надева за мир во Сирија истакна дека е уморен од војната и дека секој повторува: „Сакаме мир!“ Но, гледам дека на дело се стратегиите на војната и насилството заради меѓународните интереси и работата навистина ме растажува. Сепак, ние одиме по својот пат – заврши епископот Аудо.
РВ/к.мк
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк