Екуменскиот дух во Гевгелија на Велики Петок
Гевгелија, 5.4.2013 /к.мк/ – Велики петок, ден во кој Исус доброволно се дава да биде распнат на крстот заради нас и заради нашето спасение. Црквата неуморно нагласува дека нема воскресение без смрт, нема живот без крст. Така распнат Христос меѓу источните и западните народи ја дарува својата љубов за нивно единство. Во тој дух на единство гевгеличани ја негуваат верата во Бога меѓу Католичката и Православната црква. Бог е еден и поклонението и славењето како во едната така и во другата црква е исто.
Во централното подрачје на градот Гевгелија се изградени три храма Свети Кирил и Методиј, манастирот Свети Спас на Православната црква и меѓу нив се наоѓа Свети Петар и Павле на Католичката црква. Така распостранети, без некоја посебна оддалеченост долж една улица скоро секој минувач, верник во Христос Бог, на Велики петок, не оградувајќи се од својата припадност по вероисповед се поклонува на плаштаницата и Христовото распетие. (о.Д.Т.)