Екуменска молитвена иницијатива на Папата за христијаните на Блискиот Исток

Екуменска молитвена иницијатива на Папата за христијаните на Блискиот Исток

Во сабота 7 јули 2018 година папата Фрањо ќе го посети јужноиталијанскиот јадрански град Бари.

На прес конференцијата одржана на 3 јули 2018 година објавена е програмата на папата Фрањо за патувањето во Бари, каде со други поглавари на христијански Цркви и заедници заеднички ќе размислуваат и молат за христијаните кои страдаат на Блискиот Исток

Поклонение за мир и единство

Тоа за нас ќе биде ден на молитва и размислување за драматичната ситуација во тој регион во кој многу браќа и сестри во верата уште страдаат – рече папата Фрањо во недела 1 јули, по завршувањето на молитвата Ангел Господов на плоштадот Свети Петар во Ватикан. Ќе молиме со еден глас „Мир во тебе“ (Псалм 121,8) – напомена Светиот Отец повикувајќи ги сите со своите молитви да го придружуваат ова ходочастие на мирот и единството.

Во вторник 3 јули за време на прес конференцијата во Ватикан, Папската екуменска и мировна иницијатива ја претставија кардинал Курт Кох, претседател на Папскиот совет за промовирање на единството меѓу христијаните и кардинал Леонардо Сандри, префект на Конгрегациата за Источни Цркви.

Неизвесна ситуацијата за христијаните на Блискиот Исток

Опишувајќи го Блискиот Исток како едно од подрачјата во светот каде ситуацијата за христијаните е нејнеизвесна, кардинал Кох рече дека војните и прогонствата принудија многу семејства да ги напуштат своите татковини во потрага за сигурност и подобар живот.

Швајцарскиот кардинал изрази длабока загриженост затоа што процентот  на христијаните на тоа подрачје драматично е намален и тоа во период од само еден век. Додека пред Првата светска војна христијаните сочинувале 20 % од населението на Блискиот Исток, денес процентот е на работ од 4 %. Тој истакна дека екуменските односи, посебно помеѓу Католичката Црква и православните Цркви биле добри и ветувачки од 1964 година, кога се сретнаа папата Павле  VI. и екуменскиот православен патријарх Атенагора.

Екумензимам на светост, живот и крв

Потоа кардинал Кох зборуваше за три облици на екуменизам: за екуменизам на светост, екуменизам на живот и екуменизам на крв. Цитирајќи го Вториот ватикански собор, кардиналот рече дека светоста на животот е најдобра гаранција за христијанското единство, затоа што колку повеќе христијаните се приближуваат до Бог, исто толку се приближуваат и еден кон друг. Кога проблемите стануваат страдање, тогаш екуменизмот на светост станува екуменизам на крв – напомена кардинал Курт Кох.

Цитирајќи го папата Фрањо, кардиналот рече кога се убиваат христијаните, не прашуваат дали се католици, православни или други, туку ги убиваат само затоа што се христијани. Тој истакна дека ситуацијата на Блискиот Исток е поттик за екумензиам, не само за христијаните кои се веќе таму, туку и за целиот свет.

Нема Блиски Исток без христијани

Со оглед на ситуацијата на Блискиот Исток, кардинал Кох зборуваше за три става: Прва за да останат христијаните на Блискиот Исток е потребно мир и сигурност. Второ, невозможно е да се замисли Блискиот Исток без христијани, не само поради верски причини, туку и политички и општествени. Христијаните се важен елемент за склад на религиите, а како што истакна папата Бенедикт XVI: Блискиот Исток без или со мал број христијани повеќе не е Блиски Исток.

На крајот кардиналот Кох смета дека треба да се гарантираат правата на секоја личност и малцинство на Блискиот Исток, независно од неговата верска, етничка или друго потекло. Кардиналот потоа на трите става додаде уште еден: итна потреба за меѓурелигиски дијалог. Во тој контекст потсети на зборовите на папата Фрањо, кој рече колку е потешка ситуацијата, толку е поголема потребата за меѓурелигиски дијалог.

Зошто Бари?

Светиот Отец за ден на екуменска молитва и размислување заедно со поглаварите на христијанските Цркви го одбра Бари, бидејќи тој јадрански град го опишува како „прозорец кон исток“, затоа што во него се чуваат моштите на свети Никола, кои го слават и католиците и православните.

На иницијативата на Папата се одѕваа 19 поглавари и претставници на Цркви. На средбата ќе бидат застапени православни Цркви, Источни православни Цркви, Асирската православна Црква, Источно католички Цркви, а ќе учествуваат и претставници на лутерани, како и Блискоисточниот совет на Цркви. Меѓу угледните поглавари се екуменскиот православен патријарх Вартоломеј, коптскиот православен патријарх Тавардос II. и халдејскиот католички патријарх, кардинал Луис Рафаел Сако.

Ватиканњуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот