Екуменизмот на крвта ги обединува христијаните

Екуменизмот на крвта ги обединува христијаните

Екуменизмот на крвта ист отака ги обединува христијаните – истакна Светиот Отец говорејќи на учесниците на конференцијата за секретари на „Светското христијанско заедништво,“ меѓунардната екуменска организација со кои на 12 октомври 2016 година се сретна во малата сала во склоп на салата Павле VI.

Екумензимот се остварува во одењето, сите со Исус, а не со Исус против другите – рече Папата на секретарите на организацијата, предупредувајќи ги на потребата за признавање на актуелниот екуменизам, екуменизмот на крвата. Кога терористи или светски сили прогонуваат христијанско малцинство и христијани не прашуваат: Кој е лутеран, кој е христијанин, кој е реформиран, а кој е пентекосталец?Признава само еден христијанин. Непријателот не греши, добро знае каде е Исус. Тоа е екуменизам на крвта – рече папата Фрањо.

Сведоци сме на сѐ што се случува, продолжи Папата мислејќи на „православните браќа Копти кои се убиени на плажата во Либија.“ Тие се наши браќа. Тие го сведочеле Исус, починаа говорејќи: Исусе помогни ми! Со своето име го сведочеле Исусовото име, така е и со екуменизмот на молитвата и заедничкото одење, а непријателот нѐ учи што е екуменизам на крвта – рече Папата.

Папата спонтаниот говор го започна со две прашања: „Дали сум способен да верувам дека Исус е со нас? Дали сум способен со сите да одам исто така и со Исус?“ Многу е важна работата на теолозите. Тие проучуваат, се согласуваат или покажуваат несогласување, но екуменизмот во меѓувреме се остварува на патот, тоа едноставно одење се „остварува со молитва и помагање на другите.“ Екуменизам на молитвата е кога едните се молат за другите, а сите за единство. Исто така Папата говореше за екуменизмот на работата на бројни „мажи и жени кои денес поднесуваат неправди и војни.“ Повика на помагање и делотворна љубов кон ближниот затоа што „тоа е екуменизам и единство во одењето со Исус“ – заврши Светиот Отец.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма за умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот