Папата: За нас католиците цел на дијалогот е полно заедништво со оправдана разчлиност, а не изедначување или едоставно претопување на дуругите
Како римски епископ уште еднаш сакам да нагласам дека за нас католиците цел на дијалогот е полно заедништво во оправдана различност, а не изедначување или едноставно претопување на другите – рече Папата, примајќи ги претставниците на цариградскиот патријахр, кои пристигнаа во Рим по повод празникот на светите Петар и Павле, заштитиници на градот. Папата упати братски поздрав до екуменскиот патријарх Вартоломеј I., истакнувајќи ги цврстите врски помеѓу римската и цариградската Црква, како и заедничкото ангажирање до полно заедништво со послушност на Исусовата волја.
Соблазната на подлеба која уште не е потполно излечена ќе може да биде отсранета само со Божјата милост додека одиме заедно, придружувајќи се на молитвите на другите, навестувајќи го евангелието во слога, служејќи им на оние во потреба, водејќи дијалог во вистина, не дозволувајќи да бидеме условувани со предрасудите на минатото – рече Светиот Отец.
Осврнувајќи се на неодамнешните посети на Бугарија и Романија, како и на средбите со православните епископи, папата Фрањо рече дека сѐ повеќе е уверен во повторно воспоставување на полно единство преку почитување на посебните идентитети и складен соживот со оправдани различности. Светиот Дух е оној креативно ја вдахновува повеслојноста на даровите и ги доведува во склад, водејќи кон вистинско единство затоа што тоа не е еднообразност, туку симфонија на повеќагласност во љубовта.
Не смееме да се плашиме од дијалогот посебно не во свет, на кој му е потребна апостолска храброст за навестување. Пред бројните предизивици на нашето време, меѓу кои е и зачувување на создаденото, Христовите ученици се повикани да одговорат едногласно. Наспроти загрижувачката еколошка криза низ која поминуваме, да се промовира грижата за заедничкиот дом за верниците, не е само итност, која повеќе не може да се одложува, како што тоа е случајот со другото, туку конкретен начин на служење на ближниот во духот на евангелието. Соработката на Католичката црква и Екуменскиот патријархат во другите актуелни прашања како што е борбата против современите облици на ропства, прифаќање и интеграција на мигрантите и бегалците, како и промовирање на мирот на сите нивоа е добар знак –рече Светиот Отец.
Ватикан њуз/к.мк