Европските епископи ја поттикнуваат солидарноста во Црквата и Европа

Солидарноста како конкретнa димензија на милосрдието е темата на 44. седница на Генералните секретари на Европските епископски конференции, која се одржува од 30 јуни до 4 јули во Берлин. За време на четиридневниот состанок Генералните секретари ќе ја обработат темата на солидарноста во Црквата и Европа во три перспективи: прифаќање и интеграција на мигрантите и бегалците; семејствата во светлината на енцикликата на папата Фрањо Amoris laetitia и синодалноста меѓу епископски конференции во Европа.

Работата ќе ја отвори Генералниот секретар на Советот на европските епископски конференции монс. Дуарте да Куња и секретарот на Германската епископска конференција о. Ханс Лангендорфер. Покрај претставување на Црквата во Германија, учесниците ќе разменат мислења за важни и итни прашања во контекст на различните епископски конференции.

Во однос на главната тема на состанокот ќе биде претставено различното искуство на Црквите при прифаќањето на бегалците и мигрантите, како и на сојузниот министер за внатрешни работи Томас де Мајзиер. Сведоштвата за страдањата и потребите на барателите на прием во Европа ќе ги претстават Антиохискиот патријарх на Сиро-католиците Игнатиј III Јунан и делегатот на Симпозиумот на епископски конференции на Африка и Мадагаскар монс. Жан-Винсент Ондон, епископ на д’Ојием во Габон. Работата на форумот ќе мине зад затворени врати, а на крајот ќе биде објавен завршен документ.

РВ/В.Н.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Свет

За авторот