Советот на бискупските конференции на Земјите на Европска унија (COMECE), поради корона вирусот ја откажа својата пролетна седница и ја одложи својата прослава по повод 40. годишнина за октомври.
Пленарната седница и прославата на 40. годишнината од COMECE требаше да се одржи во Брисел од 25 до 27 март. Најавени учесници се и државниот секретар на Светиот Отец кардинал Пиетро Паролин и потпретседателката на Европскиот парламент Мариејад Мек Гуинс.
Одлуката е донесена во согласност со препораките на Светската здравствена организација и мерките што неодамна ги воведе белгиската влада. Генералниот секретар на COMECE Мануел Бариос Прието поради безбедноста и здравјето на вработените и партнерите на COMECE ги откажа сите состаноци, семинари и групни посети во овој период, а вработените на COMECE работат од дома до Велигден.
Ика/к.мк