Европа треба да концентрира на семејствата, а не на банките
Ватикан, 14.5.2013 /к.мк/ – Банкарство за општо добро, финансии за општествено добро е насловот на семинарот кој се одржува во Рим за банкари, претприемачи и економисти за подобро управување и поделба на добрата, но начините и мислењата се разликуваат многу. За принципот на солидарност не може да се расправа, па затоа е потребна поголема одговорност на финансиските чинители. Кардинал Турксон забележува дека европската солидарност е во опаѓање, а поради тоа се доведува во прашање и самата Европска унија. Сега е добро да се оди со мали чекори и да се следат европските банки, вели кардинал Турксон и додава: денес Европа мора многу повеќе парите да ги насочува кон семејствата и претприемачите, отколку кон банките, а всушност станува збор за помош на сиромашните, за зајакнување на мирот и почитување на создаденото.
Основа на семинарот е Ватикански документ од 2011 година за реформа во финансискиот систем. Овој документ е успешно презентиран во Франкфурт и многу банкари и финансиски институции реагираа позитивно на него, изјави претседателот на Папскиот совет за правда и мир, кардинал Турксон. Овој семинар е всушност втора рунда. Сега треба да се размислува за конкретни чекори. Што треба конкретно да се направи за да се надмине кризата. Кризата трае веќе пет години, но нема знаци за нејзино надминување. Веруваме дека Црквата со нејзината социјална наука може да понуди многу. Токму тоа сакаме да го продлабочиме на овој семинар за да произлезат и конкретни чекори – изјави кардинал Турксон за Радио Ватикан. (го*ко)