Евангелието првенствено треба да се навестува на улиците

Евангелието првенствено треба да се навестува на улиците

Евангелието порвенствено треба да се навестува на улиците – истакна папата Фрањо во пладневниот наговор на плоштадот Свети Петар, во Ватикан, на 4 февруари 2018 година.

Папата размислуваше за денешниот дел од Евангелието според Марко кое продолжува да го опишува „Исусовиот ден во Капернаум.“ Овој пат Евангелието го истакнува односот помеѓу Исусовото чудотворно делување и будењето на верата кај луѓето со кои се среќава. Со тие знаци на излекување, Господ сака да ја пробуди верата како одговор.

Денот во Капернаум завршува со приказот на многу луѓе пред местото каде што Исус престојувал: „И целиот град се беше собрал пред портата. И излекува мнозина што страдаа од разни болести; истера многу бесови и не им позволуваше на бесовите да кажуваат, дека знаат оти е Он Христос.“ Толпата го создава т.н. „животното опкружување“ во кое се остварува Исусовото послание. Станува збор за човештвото кое е обележано со страдање, маки и проблеми – истакна Светиот Отец и додаде: Кон тоа човештво е упатено моќното, ослободувачкото и обновувачкото Исусово делување.

Папата Фрањо потоа коментираше како Исус следниот ден рано го напушта градот: „А утредента, во темни зори, стана, излезе и отиде во пусто место, и таму се молеше.“ На тој начин Исус своето послание го лишува од триумфалистичкиот поглед кое погрешно го толкува значењето на чудата – рече Папата и продолжи: Чудата претставуваат „знаци“ кои бараат одговор од верата. Тие знаци се придружени од зборовите кои со помош на божествената моќ и милостите Христови доведуваат до верата и преобраќањето.

Конечно, Евангелието упатува дека Исусовото навестување на Царството Божјо се наоѓа надвор, на улиците: „Да појдеме до блиските села и градови, и таму да проповедам, зашто затоа сум излегол.“ – им одговорил Исус на учениците кои дошле да Го бараат. Тој бил патот на Синот Божји и тој исто така е патот на Неговите ученици. Светиот Отец рече дека Исусовото навестување на Царството Божјо се наоѓа надвор, на улиците, повикувајќи ја Црквата да продолжи да го пренесува своето послание и пораката за спасение на светот, секогаш во движење, никогаш статична.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот