Во март Папата ќе оди на Духовни вежби

Во март Папата ќе оди на Духовни вежби

Во среда, на 1 март 2017 година со литургискиот обред Пепелница започнува Великиот пост. Светиот Отец со членовите на Римската курија во домот „Божествениот Учител“ во местото Арича од 5 до 10 март 2017 година ќе биде на духовни вежби.

Фра Џулио Микелини, професот на Теолошкиот институт во Асизи, водач на духовните вежби, ќе одржи размислувања за маката, смртта и восресението на Исус Христос според Евангелието по Матеј.

Зборувајќи за одржувањето на духовните вежби, во разговор за Радио Ватикан, професорот Микелини, рече дека не се двоумел да одговори на понудата на еден соработник на Папата за да ги води духовните вежби. Разговарав со своите помошници и со духовниот водач, кој ме праша: „Дали бараше да држиш духовни вежби?“ Му одговорив дека тоа не ми ни паднало на памет. На тоа ми одговори: „Зборувај како да му зборуваш на еден од Христовите ученици, онака како што ти знаеш.“ Неговиот поттик ме смири – рече фра Џулио.

На забелешка дека размислувањата ќе ги заснова на Евангелието според Матеј, рече дека Евангелието според Матеј се смета за црковно Евангелие. Тоа најдобро го вреднува ликот на Петар; за Петар зборува повеќе од другите Евангелија, а е единствено Евангелие кое го користи зборот црква, дури два пати. Затоа сметав дека е соодветно пред Петар и со него да зборувам за првото Евангелие, кое се нарекува црковно – рече професорот.

На забелешка дека Папата во повеќе наврати зборуваше за повикот на Матеј, рече дека во повикот на Матеј, како што и Папата кажа е Исусовиот милосрден поглед. Знаеме дека Евангелието според Матеј е всушност Евангелие на  милосрдието. Во него станува збор за милосрдието почесто отколку во другите Евангелија. Иако евангелистот Лука зборува за параболите на милосрдието, треба да се каже дека Матеј упорно го нагласува милосрдието, а Папата се поистоветува со Исусовиот поглед кој го повикува Петар, затоа што е повикан, Бог му се смилува – рече фра Џулио.

На прашање за важноста на духовните вежби, рече дека сите во денешниот свет некаде трчиме, а би било добро човекот во текот на денот во посебно време, како што е Великиот пост, да запре и да се запраша: „Каде одам? Што правам? Дали тоа е добро? Кој ме води, дали ме води Светиот Дух или желбата за успех? Дали ме води желбата за моќ и пари? Какви се моите односи со другите?“ Треба на крајот од секој ден да се запрашаме каков ни бил денот кој изминал; да застанеме, а Великиот пост навистина е соодветно време да застанеме – рече професорот додавајќи:

Предлагам во Великиот пост да се откажеме од она што нѐ растресува, на пример медиумските бомбардирања, од што мораме посебно да се чуваме. Еве, додека разговаравме ми пристигнаа пет пораки, сега морам да ги прочитам. Мноштво информации, често бескорисни и неважни, а понекогаш и многу опасни се натоварени на нашиот грб. Духовните вежни се еден облик на одмор за да бидеме сами со себе, да издишеме од секојдневното трчање. Потребен ни е сигурен одмор, посебно во оваа време – заврши фра професор Микелини.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма за умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот