Духовна обнова за девојки во Радово

Духовна обнова за девојки во Радово

Во организацијата на општеството на Сестрите Евхаристинки на 15 и 16 септември 2017 година, се одржа духовна обнова за девојки во домот на сестрите Евхаристинки во Радово. Водител на духовната обнова беше отец Јаков Кајиниќ, духовник во Богословијата во Сараево.

Средбата започна со размислување за делот од Евангелието според Лука (Лк 18, 18-27) за богатото момче. На вториот ден од духовната обнова, темата за медитација беше делот од Евангелието според Лука (Лк 15, 11-31) за блудниот син, по која следуваше размислување за животот на Пресвета Богородица која е прва монахиња. Вистинско духовно збогатување за време на духовната обнова, беше Обожавањето на светата Причест.

Во склоп на духовната обнова беше одиграна и драма за сестра Евроазија Алозати и отец Јосиф Алоати. Драмата се состоеше од телевизиско интервју насловено како „Дали сте знаеле“, на кое ‘гостуваа’ с. Еврозија и о. Јосиф Алоати, основатели на општеството на Сестри Евхаристинки, кои лично посведочија за својот духовен повик, а истовремено присутните ги запознаа со основањето на заедницата на сестрите.

Програмата беше збогатена со многу духовни песни. Духовната обнова заврши со света Литургија.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот