Донација за најсиромашните и мигрантите

Над еден милион евра собрани од доброволни прилози од поклониците при изложувањето на Торинското платно ќе бидат наменети за помош на сиромашните и мигрантите, одлучи папата Фрањо.
Полската редакција на Радио Ватикан пренесува дека Папата таа одлука ја донел откако бил информирале за висината на прилогот од поклониците при посетата на Торинското платно
Надбискупскиот Каритас и организацијата Мигрантес ќе се погрижат средствата да стигнат до оние кои имаат најголема потреба.
Како што објави Радио Ватикан, насочувањето на доброволните призлози до оние кои се во најголема потреба е во согласност со пасторалните активности на торинската надбискупија, која веќе од порано се грижи за мигрантите, отстапувајќи дел од надбискупската палата за нивно сместување.
РВ/го*ко

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Ватикан

За авторот