Долорес О’Риордан за Црквата, верата и папата Иван Павле II

Долорес О’Риордан за Црквата, верата и папата Иван Павле II

Два пати се сретнала со папата Иван Павле II.

Долорес О’Риордан, пеачка во познатата ирска рок група Кренберис, ненадејно почина во 46 година за време на својот престој во Лондон.

О’Риордан долго време се бореше со депресијата, а папата Фрањо ја покани да настапи на ватикански божиќен концерт.

Ирската пеачка која е израсната во католичко семејство, но со текот на времето се одалечила од верата, два пати се сретнала со папата Иван Павле II, и тие средби ги опишала со зборовите:

„Беше многу љубезен, многу свет. Бев луда за него. Сметам дека навистина се грижи за сиромашните и сака да се среќава со луѓето. Го видов кога дојде во Лимерик (Ирска), кога бев дете.

Во истата прилика проговори и за влијанието на Црквата за нејзиното творештво:

„Црквата имаше влијание на мојот уметнички и музички развој. Многу научив преку Црквата и сличните работи. За мене таа секогаш беше добра работа, позитивна работа во мојот живот.“

Фронтменката на групата Кренберис во 2015 година откри дека ѝ е дијагностицирано биполарно пореметување заради кое земала посебни лекови, и до крајот на животот се борела со него.

Додаваме дека во 1995 година заедно со Лучијано Павароти и U2 настапи на концертот одржан во Модена кој беше посветен за собирање на хуманитарна помош за децата од Босна и Херцеговина.

Битно.нет/к.мк

Категорија: Вера, Сведоштва

За авторот