Ватиканската дикастерија за комуникации го претставува документарецот „Лав од Чикаго“, со интервјуа, снимки и слики што ја следат историјата и ги истражуваат корените на Роберт Франсис Превост во неговата родна земја – САД, вклучувајќи и интервјуа со Луис и Џон Превост. Документарецот е во продукција на новинарите Дебора Кастелано Љубов, Салваторе Чернуцио и Фелипе Херера-Еспалијат.
Филмот e објавен по повод шест месеци од изборот на Светиот Отец, а премиерно беше прикажан на официјалните канали на Vatican News, на YouTube и на социјалните мрежи, на англиски, италијански и шпански јазик.
„Лавот од Чикаго“ го следи животот на Роберт Франсис Превост, сега папа Лав XIV, од неговото детство во Долтон, Илиноис, преку неговиот повик за свештенството, па сè до неговото влегување во Редот на Свети Августин. Преку сведоштва на семејството, современиците и пријателите, филмот ги открива човечките и духовните димензии на сегашниот Папа, кој делува во Соединетите Држави пред да замине во Перу како мисионер.
Филмот е продолжение на јунскиот документарен филм „Лав од Перу“ и е во продуциран на Дикастеријата за комуникации на Светиот Престол во соработка со надбискупијата во Чикаго и католичкото друштво Apostolado El Sembrador Nueva Evangelización (ESNE). Автори се новинарите Дебора Кастелано Лубов, Салваторе Чернуцио и Фелипе Херера-Еспалијат, а уредник е Хаиме Вискаино Харо.
Во текот на ноември и декември, документарецот ќе биде прикажан во неколку италијански градови како дел од јавните собири посветени на ликот и делото на папата Лав XIV, организирани од Дикастеријата за комуникации на Светиот Престол.
Ватикан њуз/к.мк

