Десет причини зошто да пристапуваме на светата тајна Исповед

Десет причини зошто да пристапуваме на светата тајна Исповед

Многу католици па дури и тие кои редовно или повремено одат во црква, понекогаш покажуваат дека живеат со некои сомнежи, кога станува збор за светата Тајна Исповед.

Заблудите и сомнежите можеби не се толку силни и пресудни за човекот да престане да оди на Исповед, но знаат да пречат и да збунуваат. „Зошто би морал да му ги кажам на свештеникот своите гревови за да ми бидат простени? Мислам дека можам насамо да разговарам со Исус, само Тој и јас. Тој и онака знае сè што сум направил.“ Овие се некои од најчестите заблуди за светата Тајна Исповед. Ви претставуваме десет причини зошто треба да ја примате светата Тајна Помирување.

  1. Исповедта е прекрасен дар кој Исус ни ја дарува, да Му бидеме благодарни

Исус ни ја дал ова света Тајна. Провери во Бибилјата – Иван 20, 21-23. Така сме сигурни дека сме на вистинскиот пат. Прекрасно е да се слушне, некој да ти каже „Простено ти е.“ Бог нè создал, Тој знае дека имаме тело, разум, памет и душа. Не оставил ниту еден дел од човечкото без лек кога сме ранети со гревот. Знае дека ефикасно сме излекувани кога од свештеникот ќе слушнеме дека ни е простено.

  1. Извор на благодати

Сите седум свети Тајни кои Христос ни ги оставил се начини за примање благодати. Исповедта е една од светите Тајни. Исповедта се наоѓа со светите Тајни како што се Крштение, Брак, Свештеничко ракополагање (кои можат да се примат само еднаш). А што е благодат?  Благодатта нè спасува, нè води во небото, се наоѓа во различни облици. Едноставно кажано, благодатта е „Божествена помош“ кој целосно бесплатно ни е дадена од Бог, која ни помага да го избегнуваме гревот и искушението и да постапуваме исправно. Тоа е она што овозможува на свештениците да живеат во целибат, а на оженетите во чистотата на брачниот живот. Потребни се многу благодати. Исповедта се дава во изобилство.

  1. Смртни гревови

Смртниот грев е многу сериозен грев кој целосно нè разделува од Бог. Ако умреме во смртен грев, би можело да не завршиме во небото. Постојат само два лека за смртниот грев. Првиот е Крштението, кој целосне нè чисти од сите гревови, но можеме да го примиме само еднаш во животот. Единствениот преостанат е Исповедта. Потребно е да се отиде и да се каже сè. Да се признаат грешките, и да се вети дека ќе се трудиш да го избегнуваш гревот. Ако сакаш во небото, мора да се решиш од многу смртни гревови. Исповедта е тоа што ти треба.

  1. Вина

Како што велат медиумите и психолозите, вината е лоша. Но, Бог дозволува вина како аларм во нашата совест, која ќе ти каже дека си на погрешен пат. Малку вина може да те врати на вистинскиот пат. Стравот од чувството на вина може да те сочува од повторно паѓање. Стравот од вина може да ти помогне да останеш на вистинскиот пат додека твојата способност за избегнување на искушението не се зацврсти. Премногу вина не е добро, но малку вина може да помине.

  1. Бесплатен совет

Многумина плаќаат многу пари на психијатри за да ги раскажат своите проблеми. На некои без сомнеж потребна им е професионална помош. Но, за поголем дел од нас, разговорот со свештеникот во текот на Исповедта е исклучителен начин да го сочуваме своето душевно здравје. Замисли само, кога му се исповедуваш на свештеникот, всушност разговараш со Христос. Бидејќи свештеникот е „in persona Christi“, што значи дека тој е таму во Исусово име. Па, разговараш со Исус. Исус преку свештеникот ти зборува. Можеш ли да добиеш подобра нега на душевното здравје од тоа? Дозволи Исус да ти зборува во Исповедта. Појди кај Него.

  1. Вистинско место за создавање ново пријателство

Кога ќе започнеш редовно да одиш на Исповед, пронајди свештеник кој навистина ти е драг и секогаш оди кај него. Ќе ти стане прекрасен пријател и духовен советник. Дополнително, кога си во искушение можеш да кажеш: „Само што му го кажав тоа на својот исповедник. Не сакам тоа повторно да го исповедам.“ Секоја добра мисла може да помогне.

  1. Добро е да бидеш чист

Сети се на последната Исповед; сети се на чувството на слобода и радоста после неа. Ако не се сетиш на тоа, сети се како си се чувствувал кога си замолил за прошка пријател или родителите, откако некое време си се мачел затоа што нешто си погрешил. Нели е прекрасно чувството кога ти е простено? А простувањето на гревот е целосно и божествено. Добро е да бидеш чист.

  1. Чинот на примање света Причест на светата Литургија е уште поубав

Евхаристијата исто така е една од седумте свети Тајни. Во причеста го примаш вистинското Тело, Крвта, Душата и Божанството на Исус Христос. Очигледно Евхаристијата е преполна со благодати. Но, се причестуваш ли со грев на душата, тоа е како да пиеш вода од чаша полна со дупки. Би можел нешто да се напиеш, но повеќето вода ќе се исцеди. Свети Павле во Првото послание до Коринтјаните вели: „Затоа оној што недостојно јаде од овој леб и пие од чашата Господова, виновен ќе биде спрема телото и крвата на Господа.“ Си правиш проблеми ако одиш на Причест знаејќи дека имаш тежок грев, кој не си го исповедал. Тоа е како шлаканица на Исусовото лице. Прво очисти се, а потоа нахрани се.

  1. Ги правиш среќни родителите. Четвртата Божја заповед. Почитувај ги таткоти и мајкати… Доволно кажано.
  2. Па тоа е света Тајна! Погледни ја причината број 1. Светите Тајни се извор на благодати. Примај ги!

Лаудато/к.мк

Категорија: Вера, Семејство

За авторот