Десет најчести убијци на бракот

Десет најчести убијци на бракот

Многу работи можат да застанат на патот за добар брак, а честопати станува збор за мали, незабележливи работи. За да можат нашите бракови да опстанат и да успеат, еве неколку „убијци“ на бракот на кои секој пар би требало да обрне внимание.„Се разведуваме“, објасни со разочарувачки израз на лицето. Тонот на нејзиниот глас се промени додека се обидуваше да гледа на работите од поведрата страна. „Тоа сепак е најдоброто решение. Последните неколку години работите не функционираат. Едноставно многу сме различни“.

„Најдоброто решение… Премногу различни…“ Нејзините зборови одекнуваа во мојата глава со часови после нашиот разговор. Помислив на целата серија разлики помеѓу мене и мојата сопруга. ТОЛКУ сме различни. Може ли парот кој е „премногу различен“ навистина да има успешен брак?

Како стручна советничка, секојдневно се среќавам со парови кои се обидуваат својот брак да го одржат во живот. Нивните борби честопати немаат никаква врска со брачните неверства, зависности или насилство. Тие всушност умираат со една бавна и болна смрт.

Фразите како „многу сме различни“ или „се оддалечивме“, или „дадовме сè од себе“ – се фрази кои звучат толку невино – но сепак се крајно опасни.

Многу работи можат да застанат на патот за добар брак, а честопати станува збор за мали, незабележливи работи. За да можат нашите бракови да успеат, еве неколку „убијци“ на бракот кои секој пар треба да обрне внимание.

  1. Роднини

Главната причина за стресот на повеќето парови најчесто доаѓа од односите со личностите со кои сме опкружени. Родителите, роднините, браќата, пријателите… сите тие остануваат на страна во моментот кога велите „те земам“. Со влегувањето во брак донесувате одлука дека својот сопружник ќе го ставите над останатите. Голем број бракови страдаат токму поради недостатокот на приоритет; паровите дозволуваат да бидат влечени на сите страни наместо еден спрема друг. Во здрав брак паровите се ставаат еден со друг над сите останати.

  1. Малку комуникација

Просечниот пар посветува само неколку минути дневно на квалитетен разговор. Лесно е да се препуштиш во забрзаното животно темпо и да се загуби комуникацијата со блиските личности, но не е можно да се живее пасивно. Штом престанеме да се движиме напред, почнуваме да тонеме. Најдете што повеќе време за да се поврзете и да комуницирате со партнерот.

  1. Стрес

Многу лесно е да се „истресеш“ на својот сопружник. Додека се наоѓаме во сигурност и удобност во својот брак може да ни стане навика да ги собираме работи во себе – и така да експлодираме. Финансиските проблеми, болестите, губењето на работа и страдањата, на паровите во здравиот брак можат да им бидат прилика за поголемо зближување, така што се потпираат еден на друг, ги споделуваат своите проблеми и ги делат носејќи го бремето заедно.

  1. Технологија

Прочитав вест дека еден маж одлучил да се разведе… од својот мобилен телефон. Има смисла, затоа што многумина од нас во својот џеб го носат овој „убиец“ на бракот. Во светот кој што е занесен по технологијата, по користењето на iPhone и објавување на постови на Facebook, не е чудно што не посветуваме време на вистинска близина со другите личности. Исклучете ја кабловската, прекинете ја врската, исклучете го компјутерот – и вложете го времето во својот партнер.

  1. Себичност

Бракот е една голема, непрекината, животна лекција за несебичноста. Ние или ќе дозволиме искуството да нè промени на подобро, или ќе станеме огорчени. Да се даде предност на другиот е тешка задача, затоа што нашето битие е програмирано да се бира себе си. Секој пат кога велиме „да“ на самите себе, велиме „не“ на својот брак. Во бракот не станува збор за „него“ спротивно „нејзе“, туку за „нас“ спротивно од „мене“.

  1. Непростување

Да се прости и да се заборави не е исто. Долго ќе страдаме ако тоа не успееме да го сфатиме. Таа внатрешна болка на крајот може да ни нанесе штета во нашиот живот. Да се прости не е исто што и да се оправда некој. Да се прости значи да се ослободиш од самиот себе за да можеш да го примиш оздравувањето од Бог кој на нас секогаш одново ни опростува.

  1. Слаби граници

Честопати во бракот размислуваме за стратегиите на напад, заборавајќи дека стратегијата за одбрана е еднакво важна. Можеме да правиме позитивни работи, а притоа да не се заштитиме од негативните. Утврдете ја границата околу својот брак; заштитете го така да ги сочувате своите емоции, меѓусебните односи и начинот на кои го поминувате своето време.

  1. Минато

Најлошата работа која можеме да ја направиме во чест на својот партнер е да го гледаме врз основа на неговото минато, наместо врз основа на тоа каков е тој сега. Иако минатото може да има влијание на нашите животи, на нашата сегашност може да делува единствено така ако тоа и го дозволиме. Важно е да се биде искрен за своето минато, а уште поважно е да се почитува туѓото минато и да се гледа тоа што Бог го прави во животот на нашиот партнер ОВДЕ и СЕГА. Заборавете на тоа што е позади вас… за да можете да одите напред.

  1. Неискреност

Зошто малата лага е еднакво опасна како и големата? Затоа што сите лаги еднакво влијаат на близината. Искреноста во бракот е како синџирите кои нè спојуваат. Ако отстраните една карика, или десет, резултатот е ист – доаѓа до одвојување. Ако сте згрешиле или нешто затаиле на својот партнер, сега е време за вистина и исповед. Неискрениот однос е никаков однос.

  1. Гордост

„Јас сум свој најголем проблем во бракот“, една од мислите на тема брачни односи. Да се знае, да се препознае и да се исправи сопствената мана или недостатоци, пред да се насочите на оние на вашиот партнер, е најголемиот чекор во градењето на односот. Гордоста може тоа да го ограничи и отежне. Многу полесно е да се впери прст и да се префрли вината. Во момент кога ќе ја отфрлите својата одговорност, сте го отфрлиле и односот со партнерот. Без оглед на тоа за каков проблем станува збор, за него е секогаш потребно двајца.

Време е да размислите за своите слабости, пред овие подмолни натрапници да го пронајдат патот до вашиот брак. Нека Бог ви дарува мудрост за да се чувате од „малите работи“ за да се заштитите, и за да го негувате и цените својот брак.

Дебра Филета (стручен советник и автор на книгата „Водич за пронаоѓање на љубовта на вашиот живот“, во која пишува за одењето и врските и ги советува младите како да ја пронајдат својата вистинска љубов. Авторка на блогот True love dates).

Битно.нет/к.мк

Категорија: Вера, Семејство

За авторот