Денешните маченици се жртви и на глобалната рамнодушност
Во светата Тајна Исповед можеме секогаш одново да започнеме: Бог нѐ прифаќа, го враќа достоинството на своите деца и ни вели: „Оди понатаму! Биди во мир! Стани, оди напред!“ – рече папата Фрањо за време на молитвата Ангел Господов во недела 6 март 2016 година,
После молитвата Ангел Господов Светиот Отец уште еднаш изрази сочувство за убиените Мисионерски на љубовта и другите луѓе во Јемен и ја поздрави екуменската иницијатива „Хуманитарен коридор“ за беглаците.
Слободата е голем дар
Говорејќи за параоболата од Евангелието за блудниот син, односно за милосрдниот татко, Папата нагласи дека Бог нѐ смета за свои деца и тогаш кога сме изгубени и ни доаѓа во пресрет за да му се вратиме. Грешките кои ги правиме, дури и ако се големи, не ја нагризуваат верноста на неговата љубов.
Папата напомена дека во таа паробола воодушевува толеранцијата на таткото за одлуката на својот помлад син: можел да му се спротивстави или да не му го даде наследството, бидејќи сѐ уште е жив. Наместо тоа му дозволува да си замине, знаејќи за бројните ризици. „Така Бог постапува со нас: нѐ остава слободни, исто така и да грешиме, затоа што нѐ создаде со голем дар на слободата. На нас е добро да ја искористиме. Тој дар на слободата, која ни ја дава Бог секогаш ме воодушевува“ – призна Папата.
Таткото доаѓа во пресрет и на младиот и на постариот син
Милосрдниот татко има еднаков став и кон постариот син: му излегува во пресрет. Кога некој се чувствува грешник, тогаш навистина се чувстува мал. Но таткото го бара и оној кој се чувствува праведен, кој има зол став, горделивост. Тој став е од ѓаволот! – предупреди Папата. Таткото ги чека оние кои се препознаваат дека се грешници и оди да ги бара оние кои се чувствуваат праведници. Таков е нашиот Отец, а Исус нѐ учи дека треба да бидеме милосрдни како него – рече папата Фрањо.
Убиените Мисионерки на љубовта
После молитвата Ангел Господов, Светиот Отец изрази близина кон Мисионерките на љубовта, односно сестрите на Мајка Тереза поради убиството на четирите сестри во градот Адена во Јемен и рече дека моли за нив како и за другите убиени луѓе. Тоа се маченици на денешницата кои ја пролеваат својата крв за Црквата – нагласи Светиот Отец – но тие не се на ударните вести и не се на насловните страници на весниците. Тие се жртви на напаѓачите кои ги убија, но истовремено се и жртви на глобалната рамнодушност. Нека Мајка Тереза овие свои ќерки маченички на љубовта ги придружи во небото и нека моли за мир и свето почитување на човечкиот живот.
Хуманитарен коридор за бегалците
Папата исто така истакна дека ја цени иницијативата „хуманитарни коридори“ за беглаците, која неодамна е започната во Италија, а се однесува на лицата кои беагаат од војни и насилства. Меѓу досега прифатените лица се болни деца, лица со инвалидитет, вдовици од војната со деца и постари лица. Иницијативата има екуменска природа, бидејќи е подржана од католици и протестанти. На крајот Светиот Отец ги замоли верниците да го придружуваат во молитвите за време на духовните вежби, кои ги започнува во недела 6 март, вечерта и ќе траат до 11 март.
РВ/к.мк/го*ко