Денес секуларизацијата е главен предизвик за Црквата

„Секуларизацијата е новиото начин со кој ѓаволот му се претставува на модерниот свет. Постојат добри работи во модерната култура, но од друга страна, луѓето премногу лесно го следат бранот на секуларизацијата.“

Денес за Црквата главен предизвик е секуларизацијата, која е „лицето на ѓаволот во модерниот свет“ – рече надбискупот на Бангкок (Тајлнад), Францис Ксавиер Крингсак Ковитаваниј, еден од новите кардинали, кој неодамна беше назначен од папата Фрањо. „Тоа не е предизвик само за Црквата во Азија, туку целиот свет е соочен со секуларизацијата.“, рече кардиналот во интервју за Catholic News Agency.

„Секуларизацијата е новиот начин со кој ѓаволот му се претставува на модерниот свет. На луѓето им изгледа дека секуларизацијата е еден пријатен, а не ужасен ѓавол. Постојат и добри работи во модерната култура, но од друга страна, луѓето премогу лесно го следат бранот на секуларизацијата.“, која не е ограничена само на католиците.“, рече кардиналот.

„Верувам дека папата Фрањо виде дека Азија сеуште е Божји континент, во споредба со другите, и затоа ова е времето за Азија, како што веќе и Папата нагласи“, рече надбискупот на Бангкок, еден од тројцата нови азиски кардинали. Заедно со надбискупот на Ханој (Виетнам), Пиере Нгуен Ван Нхон, и надбискупот на Јангон (Бурма), Чарлс Бо, „сите заедно работиме во Федерацијата на азиските бискупски конференции и заедно имаме многу пасторални активности.“, објасни кардиналот.

Христијаните во Тајланд се малцинство – сочинуваат помалку од 1% од вкупното население – затоа голема улога игра меѓурелигискиот дијалог, евангелизацијата и образованието. „Католичката црква во Тајланд се обидува да гради мостови, се трудиме да ги образуваме луѓето, да формираме силни католици кои ќе можат да пливат спротивно на струјата.“, рече надбискупот на Бангкок.

РВ/З.А.

Категорија: Свет

За авторот