Денес е родена нашата светица, скопјанката Мајка Тереза

Денес е родена нашата светица, скопјанката Мајка Тереза

На денешен ден, 26 август, се потсетуваме на раѓањето на света Мајка Тереза, која е позната по нејзината љубов кон сиромашните и напуштените. Добитничка е на Нобеловата награда за мир. Таа е скопјанка, родена во 1910 година, во семејството на Никола и Драна Бојаџиу, а е крстена во црквата „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје.

Света Мајка Тереза, со световно име Агнес Гонџа Бојаџиу, го напуштила Скопје и својот дом на 18-годишна возраст и се посветува на мисионерскиот живот, а подоцна ја основа Конгрегацијата на мисионерките на љубовта, посветувајќи го животот за најсиромашните меѓу сиромашните.

Во 1980 година Мајка Тереза е прогласена за почесен граѓанин на нејзиниот роден град Скопје. Градот Скопје, нејзиното родно место е почетна точка на животниот пат на жената која на светот му покажа како се љуби ближниот и ни остави пример.

За светица е канонизирана на 4 септември 2016 година од папата Фрањо, а нејзиниот спомен Црквата го чествува на 5 септември.

к.мк

Категорија: Колумни

За авторот