Папата се сретна со повеќе од 300 студенти, поранешни студенти и предавачи на Институтот за промовирање на млади новинари од Германија основани пред 50 години.
Не давајте да ве кочи малодушноста и песимизмот кои ослепуваат, туку помогнете им на луѓето да ги отворат очите, ушите и пред сè срцето за да станат чувари едни на други и за да станат свесни дека се синови и ќерки на еден Отец. Со тие зборови папата Фрањо поздрави повеќе од 300 студенти, поранешни студенти и предавачите на Институтот за промовирање на млади новинари, католички училишта за новинарство од Минхен, кои пред 50 години ги основала Германската епископска конференција.
Примајќи ја делегацијата на спомнатите училишта предводена од директорите Бернард Ремерс и фра Хелмут Раковски капуцин, Папата истакна дека Институтот за промовирање на млади новинари од своето основање, односно од 1968 година воспитува новинари во општеството да работат како христијани. Светиот Отец во таа прилика рече дека христијанските новинари се карактеризираат со позитивен став кон човекот и кон професионалната етика. Тие не ја извршуваат едноставно работата, туку одговорно ја извршуваат задачата која им е доверена. Колку е лесно, да се дозволи да ве кочи општото мислење, обележано со малодушност и песимизам кои парализираат и ослепуваат – рече Папата.
Светиот Отец рече дека заради навика повеќе не се соочуваме со злото и дозволуваме работите да одат како одат, односно како што некои одлучиле дека треба да одат. Да ја бараме искреноста која доаѓа од Светиот Дух и која ќе ни помогне да се довериме на вистината во Христос која ни дава слобода – рече папата Фрањо.
Светиот Отец на крајот на претставниците на германските католички новинарски училишта им се заблагодари што како новинари го свртуваат својот поглед на луѓето и неправда го нарекуваат она што е неправда. Исто така Папата им се заблагодари што пишуваат и за убавите работи кои можеби ретко завршуваат на првите страници, но кои во центарот го ставаат човекот, и што со својот христијански начин ја следат работата на Црквата. Со желба да продолжат да ја работат новинарската работа како луѓе кои пишуваат за човекот, Папата се препорача во нивните молитви.
Ватикан њуз/к.мк