Размислување за 26 Недела по Духови според Евангелието од Лука 12,16-21
Човечкиот живот, драги браќа и сестри, е најскапоцениот подарок што човекот го добил од Бога. За да го зачува, човекот постојано измислува начини со кои најдобро може да си го обезбеди животот: често се прават големи залихи на земни добра, но се заборава што е вистинско богатство. Времето на човечкиот живот на земјата минува многу брзо, како што слушнавме од денешното Евангелие.
Спасителот ја кажува параболата за тоа како на некој богат човек нивата му родила многу. И си помисли што да прави: нема во што да ги собере плодовите свои. Па си рекол: „Ќе ги урнам амбарите свои и ќе соѕидам поголеми, и таму ќе го соберам сето свое жито и сите свои добра, и ќе ѝ речам на душата своја: душо, имаш многу добра, приготвени за многу години; јади, пиј и весели се! Но Бог му рече: Безумниче, ноќеска ќе ти ја побарам душата твоја; тоа, што си го приготвил, кому ќе му остане?“
Ова парабола го привлекува вниманието на фактот дека земните добра не го прават човекот среќен. Работејќи за земниот живот, не смееме да заборавиме дека ќе дојде времето кога же заврши овој живот и ќе треба да застанеме пред Господ. Денес има многу луѓе кои се богати и во животот повеќе не им треба ниту Бог, ниту Црквата. Тие се заслепени од земните добра, богатства и како евангелскиот богаташ, велат: „Душо, имаш многу добра, приготвени за многу години; јади, пиј и весели се!“ Наместо да одат во црква во недела и празници, да му се заблагодарат на Бога за неговите дарежливи земни дарови, одат на прошетки или на одмор, се одрекуваат од Бога и залудно го поминуваат времето.
Господ често нè предупредува: „Човеку, не си создаден за земјата, туку за небото и нема да понесеш во вечноста ниедно од твоите земни богатства“. Да се запрашаме: Зошто живееме на земјата и што треба да оставиме зад нас? Ако живееме за да го славиме Божјото Име со нашите усти наутро и навечер, ќе добиеме награда во Царството Небесно. Ако живееме само за да се збогатиме физички, а не духовно, тогаш залудно живееме на земјата.
Да се потсетиме на зборовите кажани од Господ дека дрвото што не дава плод се сече и се фрла во оган. Задачата на секој човек што живее на земјата е да ја зачува својата душа за вечноста.
Денес има многу богати луѓе кои се сиромашни по дух, а има уште повеќе сиромашни луѓе кои се богати по дух. Авраам, Јаков, цар Давид и праведниот Јов се впечатливи примери за и покрај големото богатство, сепак може да се живее скромно. Се сетија на зборовите на апостол Павле: „Сè ми е дозволено, не сѐ не ми е корисно“.
Запомнете, драги браќа и сестри, сè што имаме е дар од Бога. Затоа, да го следиме примерот на мудрите луѓе во нашиот живот кои знаат да ги спојат земните потреби со духовните. Да се збогатиш за телото, да се збогатиш за душата. Да се потсетиме дека нашето тело ќе помине, а нашата душа е вечна. Амин.
к.мк