Кога молите од Бога за некоја милост, немојте да бидете обесхрабрени ако во следните денови воопшто не се промени ништо во вашиот живот. Љубовта сигурно веќе лета кон вас како комета од небото.
Незадоволството, како наш внатрешен став, кој се однесува на нашите проекции и благодатите за кои се молиме, секогаш може да направи голема штета. Луѓето кои побарале од Бога нешто и не го примиле она за што се молеле се одвраќаат од Бога затоа што сметаат дека немаат вера што треба да ја имаат или дека Бог не ги сака како што ги сака другите на кои животот им поминува среќно и мирно. Ако навистина веруваме дека самиот Бог е „одговорен“ за резултатите од нашите молитви, можеме да го направиме она што е наша обврска, а тоа значи да продолжиме да се молиме.
Остатокот треба да го оставиме на Бога! „Не мора да се случи онака како што диктира нашата фантазија, но сигурно ќе биде како што Бог тоа го посакува, а она што го сака Бог е секогаш подобро од она што јас го сакам.“ (Френсис Мек Нат) Кога ќе фрлите семе во земјата , би било нелогично и глупаво секое утро да ја проверувате почвата колку пораснал коренот. На третиот ден коренот ќе извене затоа што ќе биде незаштитен и поткопан. Да не го проверуваме Бог! Кога ќе се молите на Бога за некаква милост, немојте да бидете обесхрабрени ако во следните денови воопшто не се промени ништо во вашиот живот. Љубовта сигурно веќе лета кон вас како комета од небото и верувајте ми – таа точно ја знае адресата каде треба да се стигне. Сигурно ќе „падне“ врз вас, но треба да чекате трпеливо!
Book/к.мк