Да бидеш Црква не значи да управуваш, туку да излезеш и на луѓето да им се донесе радоста на Евангелие

Да бидеш Црква не значи да управуваш, туку да излезеш и на луѓето да им се донесе радоста на Евангелие – истакна папата Фрањо во говорот до епископите на Австриската епископска конференција, со кои се сретна во Ватикан на 30 јануари по повод нивната ‘ad limina’ посета. Текстот на говорот кој Папата не го изговори туку им го предаде на епископите е објавен на 31 јануари.

Светиот Отец во говорот ја спомнува годината на одбележување на привзаноста на Австријците кон Црквата и Петровиот наследник, како што можеше да се види во срдечниот дочек на Бенедик XVI по повод неговата посета на Австија, 2007 година. Потоа следуваше тешкиот период за Црквата – рече папата Фрањо – чии знак меѓу останатото е намалувањето на бројот на католици во однос на целокупното австриско население, чии причини се различни, и кои траат веќе со децении. Таквиот развој не треба да наиде на наша тромост, уште повеќе треба да ги разбуди нашите напори за нова евангелизација која секогаш е потребна – поттикна Папата.

Од друга страна пак ја воочува големата солидарност; Каритас и другите каритативни установи примаат великодушни донации – рече Светиот Отец и додаде дека тоа е причина за благодарност на Бог за она што Црквата во Австрија го прави заради спасение на верниците и за доброто на многу луѓе. Но, не треба да го управуваме она што сме го постигнале и што е на располагање; – предупреди Папата – на Божјата нива треба постојано да работиме и обработувајќи ја во иднина да ни донесе плод. Да бидеш Црква не значи да управуваш, туку да излезеш да бидеме мисионери, да им го донесуваме на луѓето светлоста на верата и радоста на Евангелието.

А тоа значи – напомена потоа Светиот Отец – дека треба да се заземаме во живеење на свет живот, не предавајќи се никогаш пред гревот, свесни дека на светата Црква секогаш и е потребно прочистување. Затоа поттикна на повторно откривање – како што напиша – на „прекрасните свети Тајни“ Помирувањето во која ја вкусуваме милосрдната Божја љубов и во која го среќаваме Христа кој ни дава сила за преобраќање и за нов живот.

Што се однесува до семејството, папата Фрањо истакна дека тоа е срцето на евангелизациската Црква. За жал, во наше време гледаме дека во земјите на Западниот свет семејството и бракот се во длабока, внатрешна криза. Глобализацијата и постмодерниот индивидуализам подржуваат таков стил на живот кој го отежнува развојот и стабилноста на врските меѓу луѓето и не се наклонети кон промовирање на култура на семејство – напомена Светиот Отец и додаде дека затоа тука за Црквата се отвора ново мисионерско подрачје.

Говорејќи потоа за парохиите, Папата истакна дека секогаш парохот е тој кој ја води парохиската заедница, потпирајќи се исто така на помошта и потребниот придонес на различни соработници и сите верници лаици. Не смееме да се изложиме на опасноста да ја засениме светотаинската служба на свештеникот. Во нашите градови и села има храбри луѓе, но и плашливи, има христијани мисионери, и оние заспиени. А многумина се во потрага, иако тоа не го признаваат – напомена Светиот Отец и во тој контекст потсети дека задачата на секој крстеник е да ја донесува на луѓето пораката на Божјата љубов и спасение во Исус Христос. Всушност, во ова наше време кога ни изгледа дека стануваме „мало стадо“ (Лк 12,32), повикани сме како Господовите ученици да живееме како заедница која е сол на земјата и светлина на светот (Матеј 5,13-16) – истакнува папата Фрањо на крајот од говорот пред австриските епископи.

РВ/Д.И.

 

Категорија: Ватикан

За авторот