Ти можеби и не знаеш колку е тешко да донесеш одлука за целосно да се одвоиш од животот каков што сите други го живеат, да тргнеш на пат во целосна несигурност, а и покрај тоа, некoј силно ги привлекува тоа.
Срцето им е исполнето со помислата дека денес Христос можеше да ги избере токму нив за да можат да тргнат по Него, следејќи Го во неговото свештенство. Да му ги посветат своите денови, да бидат со Него, Неговите тајни, да бидат оние на кои Христос им ја доверува најсветата служба… Не е така лесно да се пристапи на тоа. Ја чувствуваш сопствената грешност, па се плашиш таков да тргнеш по Него. И не си сигурен во себе…
А не е лесно ниту да не отидеш. Ти можеби повторно не разбираш колку е тешко да ја отфрлиш таа мисла. Ништо не те привлекува како тоа, сè друго ти е помалку привлечно. И постојано ти се враќа таа слика – да бидеш свештеник…
Такви се денес тие меѓу вас. Со вас се во менза, ги загреваат училишните клупи како и вие, се вљубуваат како и вие, навиваат како и вие, пијат пиво со вас, се шверцуваат по трамваите како и вие… Но често, а тоа и не го знаете, некако скриено излегуваат од играта затоа што како да имаат некоја тајна вљубеност. И кога се сами, им се врти во глава една мисла – тоа чудесно свештенство. Додека сте со нив во Црква, додека слушате некоја проповед или поминувате покрај некој крст или пред некоја црква, нивните мисли се други.
Можеби понекогаш и бегаат од молитвата и побожноста, плашејќи се да не се залетат, а повторно не се осудуваат никогаш да го тргнат ова мечтаење на срцето. Им се отвора некоја шанса, можност за кариера; сретнуваат некоја убава и мила девојка, но не се со целото срце во тоа.
Некои од таквите, можеби сепак нема да тргнат по патот на свештенството. Можеби на своите деца ќе им го пренесаат тој жар за духовен повик, но нивното место е во бракот. Други, пак, навистина би требало да станат свештеници. Во различна ситуација тешко ќе бидат среќни. Овие другите, често дури немаат кому да му кажат за нив да молат. Својата борба ја водат сами. Но, порано или подоцна, ќе го положат својот живот за сите нас и ќе тргнат за Христос. Да молиме оваа недела за нив!
Тука покрај тебе, во мензата, во црковните клупи, домот, на натпреварот… тука се! Да молиме Бог да ги охрабри и направи силни, да не го сокриваат својот внатрешен поглед пред повикот и да можат да кажат: Еве ме!
Таму им е срцето, па нека бидат и тие; рамо до рамо со Христос.
патер Ике Мандуриќ/к.мк