Дали Црквата е родена на Педесетница

Почеток, основање и мисија на Црквата

„Темелно да се истражи тајната на Црквата, потребно е пред се да се разгледа нејзиниот почеток во планот на Пресветото Троиство и неговото постепено остварување во историјата.
Планот роден во срцето на Отецот
‘Вечниот Отец со слободна и тајна одлука на својата мудрост и добрина го создал целиот свет и одлучил да ги направи луѓето учесници на својот божествен живот’, во кој ги повикува сите луѓе преку својот Син: ‘Сите оние кои веруваат во Христос, Отецот одлучил во светот да основа Црква“. Ова ‘Божје семејство’ се воспоставува и реализира постепено низ периодите од човечката историја според одлуката на Отецот: навистина, Црквата е ‘прикажана во слики од почетокот на светот, прекрасна подготвена во историјата на израилскиот народ и во Стариот Завет, основана во овие последни денови, манифестирана со доаѓањето на Светиот Дух и на крајот на вековите ќе биде славно довршена’.
Црквата – прикажана во слики од почетокот на светот
‘Светот беше создаден од аспект на Црквата’, зборувале христијаните од првите векови. Бог го создал светот со цел да биде во заедништво со неговиот божествен живот, која се реализира преку ‘повикување’ на луѓето во Христос, а тоа ‘повикување’ е Црквата. Црквата е крајната цел на сите работи, и самите болни несреќи, како што е падот на ангелите и гревот на човекот, беа дозволени од Бога само како пригода и средство за да се покаже сета сила на неговата рака, сета големина на љубовта кој сакаше да ја даде на светот: Како што волјата Божја е еден чин, и овој чин се вика – свет, така неговата намера е спасението на човекот, и таа се вика – Црква.
Црквата – основана од Исус Христос
Задачата на Синот е, кога се исполни времето, да го изврши планот на Отецот; тоа е мотивот на неговата ‘мисија’. ‘Господ Исус даде почеток на својата Црква проповедајќи ја Радосната Вест, т.е. доаѓањето на Царството Божјо кое од векови беше ветено во Писмата. Да би ја исполнил волјата на Отецот, Христос го основа Царството небесно на земјата. Црквата е ‘Христово Царство веќе присутно во Светата Тајна’.
‘Ова Царство јасно се манифестира на луѓето во зборовите, делата и присуството на Христос’. Да се прифати словото Исусово значи ‘да се прифати самото Царство’. Зачетокот и почетокот на Царството е ‘мало стадо’ (Лк 12,32) на оние кои Исус дојде да ги собере околу себе и на кои тој самиот е пастир. Тие го формираат вистинското Исусово семејство. Нив кои така ги собра околу себе, ги научи на еден нов начин на однесување, но исто така и како да се молат.
Господ Исус ја опреми својата заедница со една структура која ќе трае до целосната реализација на Царството. Пред сѐ овде е изборот на Дванаесетте со Петар како главен. Претставувајќи ги дванаесетте Израилеви племиња, тие се темелите на новиот Ерусалим. Дванаесетте и другите ученици учествуваат во Христовата мисија, во неговата власт, но и во неговата судбина. Со сите овие постапки, Христос ја подготвува и ја гради својата Црква.
Но Црквата првенствено е родена од потполниот дар на Христос за нашето спасение, антиципирано во институцијата на Евхаристијата, а реализирано на крстот. ‘Почетокот и растот на Црквата се симболизирани со крвта и водата што протекоа од ребрата на распнатиот Исус’.
‘Од ребрата Христос, заспан на крстот, протече чудесната тајна на целата Црква’. Како што Ева беше формирана од ребрата на заспаниот Адам, така Црквата е родена од прободеното срце на Христос кој умре на крстот.
Црквата – манифестирана од Светиот Дух
‘Кога беше довршено делото кое Отецот му ја беше доверил на Синот на земјата, на денот на Педесетница беше пратен Светиот Дух континуирано да ја посветува Црквата’. Тогаш ‘Црквата пред мноштво луѓе јавно се манифестираше и со проповедувањето почна да се шири Евангелието’. Црквата бидејќи е ‘повикување’ на сите луѓе на спасение, таа по својата природа е мисионерска, испратена од Христос до сите народи да ги направи ученици.
Црквата да може да ја реализира својата мисија, Светиот Дух ја ‘поучува и води со различни хиерархсиски и харизматски дарови’. ‘Така Црквата, предвидена од даровите на Основачот и верно вршејќи ги неговите заповеди на љубовта, понизноста и самоодрекувањето, ја прима мисијата да го навестува и во сите народи да го востанови Христовото и Божјо Царство и од тоа Царство на земјата да создадат зачеток и почеток.’ (ККЦ 758-768)
Од оваа наука на катехизмот многу е јасно дека Педесетница не е роденден на Црквата во вистинска смисла на зборот, бидејќи Црквата пред сѐ е „родена од потполниот дар на Христос за нашето спасение, антиципирано во институцијата на Евхаристијата, а довршено на крстот’.
Сепак, во преданијата заради некоја причина била задржана споредбата меѓу Педесетница и раѓањето на Црквата, бидејќи веројатно ова манифестирање и прикажување на Црквата во светот се зема како раѓање, но тоа само по себе не е целосно точно, бидејќи во овој случај би можеле да кажеме дека Христос е роден на денот на прикажувањето во Храмот, а знаеме дека не е и здравиот ум веднаш би се побунил при оваа помисла.
Како и да е, на сите да им биде благословен овој ден Педесетница, денот на објавувањето и посветувањето на Црквата.
Лаудато/З.А.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот