Дали последниот Папа е последниот пред крајот на светот?

Во 1140 година ирскиот епископ Малахиј со група монаси го посетил Рим. Се искачиле на ридот Џаниколо за да му заблагодарат на Бог за сигурното завршување на нивното патување. На ридот Малахија имал визија, 112 папи пред крајот на светот. Секој папа бил опишан со кратка шифрирана фраза на латински јазик. Она што приказната ја прави интересна е тоа што после повлекувањето на Бенедикт XVI ќе биде избран последниот папа од листата на Малахиј.

Овде веќе приказната станува возбудлива, бидејќи последниот папа од листата ќе биде и последниот папа пред Христовото второ доаѓање. Неговото пророштво за последниот папа е подолго од останатите и содржи загрижувачко видување, а гласи:

„Во големиот прогон, на престолот на Светата римска Црква ќе седи Петар Римјанин, кој ќе се грижи за своето стадо во време на многу страдања, после тоа градот на седумте рида ќе биде уништен, и страшниот Судија ќе му суди на својот народ.“

Теоретичарите на заговорот и обожавателите на Нострадамус сакат да го истражуваат пророштвото на свети Малахиј, обидуваќи се да најдат смисла на неговата шифрирана порака. Биле воодушевени од името на Ганецот кардиналот Турксон. Неговото име е Петар! Студирал во Рим!!! Во Гана го нарекуваат „Петар Римјанин“!!!

Меѓутоа новиот папа може да биде и кардинал Одило Педро Шерер. Но тоа не ги запре оние кои навалуваат за теоријата на заговорот. Кој папа и да биде избран, можеме да бидеме сигурни дека тие ќе најдат некоја поврзаност со името Петар. Неговото средно име ќе биде Петар, но во средно училиште имал прекар Карпа, но го гледал филмот Роки Билбао, или едноставно ќе каже „Всушност секој папа е Петар Римјанин, тоа е симболика“.

Ваков прилагодлив пристап имале и проучувачите на другите изрази на Малахиј. Латинскиот израз за папата Иван Павле II гласи „De labore Solis“ што во предвод значи „промена на Сонцето“, папата Иван Павле II е роден на ден на помрачување на Сонцето.

Или, фразата за Бенедикт XVI прилично е нејасна, а гласи: „Gloria Olivae’ (Славна Маслинка).

После изборот на папата Бенедикт, обожавателите на пророштвата изборот го поврзале со познатиот бенедектински манастир Монте Оливе и бенедектинскиот грб на кој има маслинова гранка (но всушност тие и не ја покажуваат сликата од тој грб). Во секој случај, поврзувањето е во името кое Рацингер го избра. Свети Бенедикт е гордост на Монте Оливе и Бенедектинците сакат маслинови гранчиња. Тоа е потполно јасно, зар не?

Па, Бенедикт XVI е претпоследен на листата, а сега доаѓа последниот папа. Петар Римјанин ќе биде избан. Многу е возбудлива помислата дека второто Христово доаѓање и крајот на светот е близу! Баш тогаш кога толку се разочаравме од пророштвото на Маите…

Но само момент. Мораме да го прекинеме таквото размислување со нешто што се нарекува факт. Има повеќе проблеми. Пред се, сите прогнозери се однесуваат како теоретичари на заговорот и обожаватели на пророштвата: започнуваме со теоријата или пророштвото и веднаш ќе изнесеме факт. Тоа наликува на приказната за грдата сестра на Пепелашка, која не можела да ја облече стаклената чевличка.

Вториот проблем е нешто што се нарекува доказ. Иако свети Малахиј е историска личност од 12 век, неговото пророштво не се спомнувало до пред 1590. Така би се рекло! Пророштавата за папите кои се избирани помеѓу 1150 и до крајот на 16 век се нејасни и неточни. Скоро сомнително. Можеби сето тоа е напишано во 1590 година кога пророштвата наводно биле откриени.? А тука има уште еден проблем – оргиналните документи на Малахиј не постојат. Да кажеме дека настанале-како оние мормонски златни плочи испишани на древен египетски јазик кои Јосиф Смит ги чита со помош на посебни очила, кои исто така мистеризно ги снемува.

Освен тоа, пророкот Ностардамус живеал кон крајот на 16 век; во тоа време биле популарни воодушевувањата за пророштвата на шифриран јазик. Познавачите на пророштвата на Малахиј од 12 век ги нарекле ефтин фалсификат во 16 век – најверојатно создадени под влијание на тогашниот избор на папа. Затоа вечерва можете мирно да спиете. Крајот на светот најверојатно не е близу. Од друга страна… зошто пак не ја подготвите вашата душа?

Dwight Longenecker

Izvor: www.patheos.com

Превод: Д.И. | Католици.мк

Категорија: Колумни

За авторот

Write a Comment

<