Од година во година гледаме дека и кај нас за време на Божиќниот пост се присвојува праксата на европските градови. Односно со Божиќниот пост станува се повеќе отуѓен од својата изворна смисла, што најдобро се гледа од рекламите, излозите и изразите. Речиси насекаде може да се слушнат истите наслови: „магија на улиците“, „божиќна атмосфера на секој чекор“ и слично. Спектакли од светилки, гламур, кич и разновидни понуди на продажните места се воведот во центарот на годината – Божиќ. Затоа таквото сфаќање на Божиќниот пост е во спротивност со изворната смисла на постот кој се открива во Литургијата и во неа се доживува. Кога сѐ ќе се собере и одземе очигледно тешко ќе се спротивставиме на диктатурата на увозните изуми. Тоа веќе многу пати сме го покажале.
Медиумската пропаганда која е тесно поврзана со профитот оди рака под рака со потребите на луѓето, а тој е најлесниот пат за обликувањето на желбите и манипулирањето со свеста. Потрошувачкиот концепт на Божиќ, а со тоа и на Божиќниот пост доведува до потребата човекот себе да се стави во јасли, да се храни со самиот себе, да им се поклонува на современите пастири и цареви. Надежта, клучната тема на Божиќниот пост, целосно се секуларизирала, па модерниот човек се надева дека ќе има што повеќе слободно време, удобност и пари. Всушност Божиќниот пост во целата таа приказна е интересен доколку е „show“ кој никого на ништо не го обврзува.
Од друга страна тоа се случува во време на намалена куповна моќ, губење на работните места, материјални неизвесности кои се вовлекуваат во нашите домови. (…)
Можеме да бидеме свесни дека Божиќниот пост за нас христијаните е посебна можност за соочување со лажните надежи. Божиќниот пост може и мора да поттикне на надеж која ја уништува пасивноста на срцата и помага да не го пропуштиме слушањето на Божјото Слово. Литургиските чекори во тоа се неизбежни.
Дон Ивица Хулјев/к.мк
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк