Се прашувате зошто Исус има недостатоци- мани? Затоа што Тој е љубов (1. Иван 4,16). Вистинската љубов не размислува, не пресметува, не мери, не поставува пречки, не поставува услови и не се сеќава на сторените прекршоци.
Прва мана: Исус имаше лошо паметење (Лука 23, 42-43)
За време на страдањето на крстоt, Исус го слуша гласот на разбојникот од десно: „Господи, сети се на мене кога ќе дојдеш во своето царство“. Да бев јас, би одговориl: „Нема да те заборавам, но мора да платиш за своите злосторства и да поминеш околу 20 години во чистилиштето“. Сосема спротивното, Исус му рече: „Уште денес ќе бидеш со мене во рајот“. Исус едноставно ги заборавил неговите гревови. Што се однесува до Марија Магдалена, Исус не ја прашал за скандалите од нејзиното минато. Тој едноставно и вели: „Ти се простуваат гревовите твои, оти ме возљуби многу“. Кога таткото видел дека неговиот блуден син се враќа дома, притрчал кон него, го прегрнал и не му дозволува да го одржи тој негов мал говор, кој што го подготвил. Ги повика слугите и им рекол: „Па дотерајте и заколете угоено теле: да јадеме и да се веселиме, оти овој мој син мртов беше и оживе, изгубен беше и се најде.“ Исус нема добро сеќавање како мене. Не само што простува, туку и заборава на сè.
Втора мана: Исус е лош математичар (Лука 15,4-7)
Ако Исус полагаше испит по математика, сигурно ќе паднеше. Пастирот има сто овци, а една од нив залута. Без размислување, пастирот тргнува да ја бара, оставајќи ги другите 99. Кога ја најде изгубената овца, ја стави на рамењата. За Исус, 1 = 99, можеби и повеќе? Кога станува збор за спасување на изгубена овца, ништо не може да го спречи Исус – дури ни ризикот, уморот, опасноста … Сетете се на милостивиот гест на Исус кога седна на бунарот на Јаков за да ја побара Самарјанката или кога беше поканет во куќата на Захеј! Каква едноставност, каква љубов кон грешниците.
Трета мана: Исус не знае ништо за логиката (Лука 15,8-10)
Една жена имаше десет драхми. Една вечер изгубила една, па запалила светло да ја бара. Кога ја најде, ги повика соседите и рече: „Радувај се со мене затоа што ја најдов изгубената драхма“. Навистина е нелогично цела ноќ да се бара една драхма, а потоа среде ноќ да се слави затоа што ја најде. Покрај тоа, кога ги покани сосетките и пријателите да слават со неа, таа потрошила повеќе од една драхма. Трошоците за прославата не можеле да се покријат со десет драхми. Тука навистина можеме со Паскал да кажеме: „Срцето има свои причини, кои разумот не ги знае.
Ќе беше пологично ако жената си легнеше и ја бараше драхма во текот на денот. Но, за Исус, приоритет е потрагата по изгубените. Не смее да потроши ниту една минута. Исус ја открива тајната на неговото срце: ангелите Божји се радуваат на еден грешник кој се кае.
Четврта мана: Исус е авантурист
Службеникот за односи со јавност и политичарот кој сака да победи на изборите подготвуваат многу прецизна програма, со многу ветувања. Исус ветува само осуда и прогонство на оние што го следат. Ги предупредува дека „Синот човечки нема каде да ја положи главата“ (Матеј 8,20). Кога ги испраќа учениците да навестуваат, им вели: „Не земајте ништо на патот: ниту стап, ниту ќесе, без леб, без сребро! И да не земаат две облеки!“ (сп. Лука 9, 3). Тој исто така им рече: „ Блажени сте вие, кога ќе ве срамат и прогонат и кога ќе говорат против вас секакви лоши зборови лажно – заради Мене!. Радувајте се и веселете се зашто голема е вашата награда на небесата! Така ги гонеа и пророците што беа пред вас“ (Матеј 5,11-12).
Каде ги испрати Исус своите ученици во таква целосна сиромаштија? До каде требаше да одат? Тие требаше да го донесат спасението „до краиштата на земјата“ (Дела 13,47). Дали некогаш си слушнал за таков авантурист, кој вели: „Јас сум секогаш со тебе, до крајот на светот“? Ние сме вистински ученици на Исус кога го следиме сè до крајот на светот. Ние сме членови, неговите авантуристички здруженија, без адреса, без телефонски број, без факс или веб-страница.
Петта мана: Исус не воопшто не се разбира од финансии и економија
„Царството небесно е како кога домаќин, кој излегува рано наутро да ангажира работници во своето лозје. Тој се пазари со работниците по денар на ден и ги испраќа во своето лозје. И се случи во третиот час, кога виде други работници како стојат на пазариштето, и им рече: „Одете во моето лозје и, што е право, ќе добиете” И тие заминаа. Повторно излезе во шест и девет часот и го нарави истото. И се случи во единаесеттиот час, кога најде други како стојат без работа и им рече: „ Зошто стоите тука цел ден без работа? А тие му рекоа: „Никој не нè повика“. А тој им рече: Одете во моето лозје.
А кога се стемни, господарот на лозјето му рече на својот настојник: „Повикај ги работниците и плати им, почнувајќи од последните па до првите.“ И дојдените околу единаесеттиот час добија по динариј. А кога дојдоа првите, помислија дека ќе примат повеќе; но и тие добија по динариј; и штом добија, негодуваа против господарот и велеа: Оние последните работеа еден час, а ти ги изедначи со нас, што ја претрпевме тегобата на денот и жегата. А тој им одговори и му рече на еден од нив: Пријателе, не те онеправдувам: нели се погоди со мене за динариј?
Кога Исус би бил поставен за управител на некоја заедница или компанија, тие институции ќе пропаднеа затоа што ќе им даваше еднаква плата на оние кои започнале да работат наутро и оние кои започнале попладне! Дали тоа би било грешка или погрешна пресметка? Не, тој би го сторил тоа намерно: „Земи си и оди. И сакам да дадам и на другиот, како и на тебе. Зарем не е бесплатно да правам со своето што сакам? Или, пак, е лошо во твоите очи дека сум добар? ‘“(Матеј 20, 14-15) Затоа што Тој е љубов (1. Иван 4,16). Вистинската љубов не размислува, не пресметува, не мери, не поставува пречки, не поставува услови и не се сеќава на сторените прекршоци.
Кардинал Франсоа-Ксавиер Нгуен Ван Туан/к.мк