Дали е можно да бидеш на социјалните мрежи, а да не бидеш зависен?

Дали е можно да бидеш на социјалните мрежи, а да не бидеш зависен?

Како да се воспостави здрав однос кон социјалните мрежи? Дали тоа е возможно?

„Иронично е, но еден од најсложените односи кои ги имам е со мојот мобилен телефон“, пишува Рачел Пенат за Life Teen. „Би сакала да кажам дека после неколку макотрпни денови заклучив дека имам многу нездрав однос со својот мобилен телефон. Но, во реалноста тоа беа неколку макотрпни години и триесет дена целосно отсуство од медиумите кои не ми беа неопходни (или дигитален детокс), за навистина да започнам да работам на некои промени во својот живот.“

Како што сведочи Пенат свесна е дека не е единствената која се бори за здрав однос со медиумите. Тоа може да ја оптерети нашата способност за пронаоѓање на вистински извори за освежување и одмор во нашите животи. Затоа сподели четири точки кои одлучила да ги примени во својот живот кога станува збор за сопствениот однос кон медиумите посебно кон социјалните мрежи. Еве што наведува:

  1. Во ред е ако ти е тешко

Она што често ме запираше во тоа да воведам промени беше бесмисленото уверување дека ако знам дека нешто е нездраво, не би требало да биде тешко во борба против тоа. Но, дознав дека прогромерите често се со цел да создадат зависност. Не си ти виновен ако ти е тешко да вопоставиш исправен однос со медиумите – системот е создаден на таков начин и бара борба.

  1. Со цел користи ги апликациите

Користењето на онлајн просторот без цел доведува до нездрав однос со него. На пример, користењето на апликациите за да бидете во контакт со вашата роднина изгледа поинаку од користењето на апликацијата за да го рекламирате своето занаетчиство или компанија. На малото занаетчиство му се потребни бројот на „лајковите“ и коментарите за да ја зголеми интеракцијата и вклученоста на следбениците. Но, таквите податоци не се важни за комуникацијата со семејството. Да се биде поврзан се може и без тие известувања.

  1. Важно е да поставите граници

За цврсто да се држиме до целта важно е да поставиме граници. Некои граници кои ги поставив се: ограничување од 30 минути за апликацијата, со цел да ги користам „лајковите“ (ги лајкувам само оние објави кои навистина сум ги прочитала до крај и кои ми се допаѓаат); не се водам од „стандардите на социјалните мрежи“ (како што е објавување заради лајкови или грижа за бројот на следбениците) за да објавам за мене значајна содржина.

  1. „Скролањето“ не е исто што и слободното време

На човечките битија е многу важно квалитетното слободно време. Иако наизглед изгледа дека „скролањето“ по социјалните мрежи е облик на разонода, тоа не е. Без ограничување и специфични цели за користење на овие алатки лесно може да се дојде до злоупотреба и незадоволство.

На крајот сѐ се сведува на тоа како гледаме на употребата на социјалните мрежи. Нашите лоши навики често нѐ наведуваат на мислењето како тие алатки управуваат со нас. Но, да се сетиме дека тие се токму тоа – алатки, и ќе сфатиме дека имаме повеќе можности отколку што мислиме. Кога ќе научиме која е целта на социјалните мрежи и исправно ги поставиме границите, ќе бидеме поподготвени да служиме на своите семејства, пријателите и заедниците во живо.

ХКМ/к.мк

Категорија: Вера, Сведоштва

За авторот