Црквата нѐ потсетува дека сме само ходочасници. Таа само е „присутна во светот, а сепак – патничка“. Оди во пресрет на својот Господ патувајќи „помеѓу прогоноството и Божјата утеха“.
Нашиот живот исто таке е полн со неволји и „Божји утехи“. Наследуваме живот во времето, во кое се наоѓаме, имаме и друг, од она страна на времето, во вечноста, кон кој се упатени нашите чекори. Сечие време е важен дел од наследството добиено од Бог; тоа е оддалеченоста која нѐ одделува од моментот кога ќе се појавиме пред Господ со полни или празни раце. Само сега, тука, во овој живот, можеме да заслужиме друг живот. Навистина, секој ден е наш ден, „време“ кое Бог ни го дарува за да го исполниме со љубов кон Него и ближните, добро завршена работа, вршење на крепостите…. дела угодни на Бог. Сега е вистинско време да зграбиме „непропадливи богатства“. За секој од нас, „еве сега е времето милосно, еве сега е времето на спасението. Кога ќе помине ова време, друго нема да има.
Времето со кое секој од нас располага е кратко, но доволно да му ја искажеме на Бог својата љубов и да го довршиме делото кое ни го довери. Поради тоа и нѐ предупредува свети Павле: „Гледајте, колку внимателно треба да постапувате: не како неразумни, туку како мудри;. ползувајте го времето, зашто дните се лукави. Доаѓа ноќ, кога никој нема да може да работи.
Навистина кратко е времето во кое можеме да љубиме, да се даруваме и да се каеме. Би било неправедно да се потроши неодговорно, да се фрли низ прозорец, не смееме да го расипуваме моментот на светот, кој Бог ни го довери на секој од нас.
Свети Павле размислувајќи за краткоста на нашето овоземско време и ништавноста која ја имаат работите сами по себе, вели: Поминува обличјето на овој свет. Во споредба со оној живот кој нѐ чека, овој живот е само негова сенка.
Краткоста на животот само итно нѐ повикува што е можно подобро да го употребиме, залагајќи се, во согласност со волјата Божја. Денес во секоја молитва да се прашање дали Бог е задовлолен со начинот како ја поминавме годината, која всушнпост беше за нас наменета. Дали е добро искористена или напротив, беше година за изгубени можности на работата, апостолатот, семејниот живот. Дали често пати го отфрлавме крстот, жалејќи се поради неволјите и ненадејните случувања?
Секоја година која поминува е повик да се посветиме на својот секојдневен живот, а истовремено е и предупредување дека сме малку и поблиску до конечната средба со Бог.
И така, додека имаме време, да им правиме добро на сите.
к.мк