Грег Бурке именуван за нов директор на Канцеларијата за печат при Светиот Престол
Папата ја прифати оставката на патер Ломбарди, директор на Канцеларијата за печат при Светиот Престол и за нов директор го именува досегашниот негов заменик Грег Бурке, кој од 1 август ја презема функцијата. Палома Гарсиjа Овехеро пак ја именува за заменичка на главниот директор на Канцеларијата за печат, која исто така на 1 август ќе стапи на должност.
Двајца лаици значи, двајца новинари со светски глас ќе ја водат Канцеларијата за печат при Светиот Престол. Да го наследи патер Ломбарди, после неговата десетгодишна извонредна работа, Папата го повика Грег Бурке да ја води Канцеларијата за печат. Новиот директор на Канцеларијата за печат има 57 години, роден е во Сент Луис во САД, во практично католичко семејство. После завршувањето на исусоваската гимназија во родниот град, во 1983 на универзитетот Колумбија во Њујорк докторира компаративна книжевност, а потоа го усовршува новинарството.
Додека не беше пратен во Рим за дописник на неделникот „Нациоанл Католик Регстер“, Грег Бурке работеше за „Јунајтед Прес Интернационал“ во Чикаго, за Ројтерс и за неделникот „Метрополитан“. Во 1990 година почна да соработува со неделникот Тајм и беше постојан дописник за весникот, кој светиот Иван Павле II во 1994 година го прогласи за личност на годината. Американскиот новинар во 2001 година почнува да работи за телевизијата како римски дописник за Фокс Њуз. Во државниот секретаријат, во одделот за општи работи е повикан во 2012 година, како советник за комуникации. Од 21 декември 2015 година е именуван за заменик директор на Канцеларијата за печат при Светиот Престол.
За заменичка на главниот директор на Канцеларијата за печат при Светиот Престол Папата ја именува Палома Гарсија Овехеро. Родена е во Мадрид, и има 41 година. Таа докторирала новинарство на мадридскиот универзитет Комплутенсе во 1998 година, а на Њујорк универзитетот се усовршила во управувањето со стратегии на комуникациите. Од 1998 година е главна уредничка и водителка на шпанското радио ‘Кадена Копе’. Од 2012 година е дописничка за Италија и за Градот Ватикан. Освен со шпанското радио ‘Кадена Копе’, соработувала и со други телевизии и разни весници.
РВ/к.мк
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк