Поглаварот на Источните католици во Украина, киевскиот голем надбискуп Свјетослав Шевчук во писмото до претседателот на Белоруската епископска конфереција надбискупот Тадеуш Кондраушевич ја истакна својата солидарност и ги повика верниците на секојдневна молитва за мир во Белорусија.
Надбискупот Шевчук во писмото изразува и надеж за прекин на насилството во Белорусија, заштита од надворешни сили и сочувување на единственото и територијалниот интегритет на земјата. Изразувајќи ја до надбискупот Кондраушевич својата солидарност, поглаварот на украинските источни католици ги повика своите верници на секојдневна молитва за мир во Белорусија: „Веруваме дека Бог е единствениот владар со човековата историја и е невидливо присутен и денес на белоруските улици и на плоштадите за да му ја искаже својата близина и спасението на тој страдален народ .“ (…)
Од речиси девет милиони жители во Белорусија, 1,4 се католици меѓу нив и припадници на Источната Католичка Црква чиј поглавар е големиот надбискуп Шевчук.
Ватикан њуз/к.мк