Голема волонтерска акција во Нова Маала

Голема волонтерска акција во Нова Маала

На 18 март 2019 година заврши волонтерската акција на иницијатива и под водство на црковните одборници и верниците од парохијата Успение на Пресвета Богородица – Нова Маала. Акцијата траеше околу 20 дена и при тоа ги заградија гробиштата, поставувајќи темели и ограден ѕид во должина од около 450 метри со мрежа. Во акцијата учествуваа околу 100 волонтери, кои дадоа по 3 дена придонес со работа, додека имаше и такви кои поради спреченост не можеа да учестуваат во работата, но затоа обезбедија волонтери односно работници.

Црковниот одбор искажува голема благодарност до сите кои на било каков начин ни помогнаа успешно да се заврши акцијата, спомнувајќи ги и сите дарователи.

Во минатото во пархијата се изведувани слични акции при изградба на црквата, водоводот, чистењето на базентот, посипување на патот…

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот